Градот Скопје воведува бесплатно возење на рингишпилот за пензионери

22.04.2013 11:31
Градот Скопје воведува возење на рингишпилот за пензионери

Скопје, 22 април 2013

На иницијатива на градскиот очув Трале Коцев, градот Скопје воведува бесплатно возење за пензионерите на новопоставениот рингишпил во центарот на градот во понеделник, среда и четврток. Овие денови се одбрани зашто во вторник и петок пензионерите се зафатени со возење во јавниот превоз и разгледување на градските убавини, а саботата и неделата се оставени како слободни денови.

На завчерашното свечено отворање на вртелешката, во чест на новата придобивка за пензионерите, по едно крукче направија следните великодостојници: Николае Грујабе, Али Акмаки, Тирекс Пиљарев, Дебиленко Саботковски, Трале Коцев, Гоца Жандармерска и други истакнати политичари, новинари и функционери.

Интересно е тоа што великодостојниците своите крукчиња ги вртеа секој одделно, со своите етнички сопартијци, за во случај на хаварија на рингишпилот или некаква диверзија од лицето Б.Ц. земјата и понатаму да има стабилно политичко раководство. Тирекс Пиљарев изрази желба да направи, по можност, барем петнаесет кругови, но беше симнат после третиот.

Специјални гости на отворањето на рингишпилот беа и славните маќетонски режисери Даре Маже и Мичо Национале, кои пред новинарите раскажуваа дека и нивниот голем идол Алфред Хичкок имал голем мерак по рингишпили и лунапаркови и дека размислуваат рингишпилот да го вметнат како декор во еден напнат филм со дејство од почетокот на XX век.

Ексклузивно за Пара вести, режисерите откриваат дел од сценариото: вмровци револвераши заталкуваат во еден сенишен град полн со скулптури, а расплетот и главната престрелка се случуваат на рингишпилот. После тоа храбрите вмровци (позитивни терористи) сфаќаат дека сето тоа било само сон и заминуваат за Сараево, како логистичка поддршка за Гаврило Принцип.

Поставувањето на рингишпилот го поздрави и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој смета дека кружното разгледување на европските стилски формации кои недостасуваат во маќедонската историја значително ја доближува Маќедонија до Европа.

Во разговор за Пара вести, пензионерот Младен Кукурек изјави: „Саде убаини, човек не може да постигне. Уште недобањат на бања, па се возиш со ЈСП, па се вртиш на рингишпил... Среќа што сабота и недела се слободни денови, па може на телевизија да се информираме за сите други добриње и убаиње дарувани од Власта.“

Иако реакциите за поставувањето на рингишпилот претежно беа позитивни, група млади граѓани се собра пред спектакуларната вртелешка и протестираше поради тоа што бенефициите за возење се однесуваат само на пензионерите.

„Нели на младите остануе светот? Шо е ова, дискриминација ебате! Од кај да знам дали ќе дочекам пензија у овоа тешко време? Ма кој ги ебе сите, сме вртеле ние и други ствари у крукче, па после све ни било рингишпил“, револтирано изјави претседателот на асоцијацијата Млади што се вртат во круг, Тревољуб Билјароски-Џоинт.

Текстот е инспириран од твит на @filip1609
Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото