Учеството на жените во светската работна сила

27.04.2013 11:55
Учеството на жените во светската работна сила

(Дизајнерката Калена Портер со нејзиното куче Моби, во нејзината сопствена дневна соба во Вашингтон)

Многу револуции почнале со звуците на експлозии и маршеви. Но денес, една друга револуција го тресе светот, а таа го носи звукот на алармите од часовниците и чекорењето на високите потпетици.

Легии жени ширум светот ги напуштаат своите домови за да ѝ се приклучат на платената работна сила. На светско ниво, 4 од 10 платени работници се жени. Во претстпјната декада, се проценува дека 1 милјардна жени ќе се приклучат кон формалната работна сила, помагајќи го економскиот развој.

Тоа е еден од најмоќните трендови што го менуваат изгледот на светот. Како што жените кои заработуваат се здобиваат и со поголема автономија, тие носат одлуки што ги менуваат и нивните приватни животи, и економските трендови.

Калена Портер, 26-годишна жена графички дизајнер од Вашингтон, е една од оние што создаваат нови наративи. Неодамна, таа си купи сопствен дом, одлука што жена која не е во брак не можеше да ја направи пред само една генерација. Во 1981 година, 1 од 10 домаќинства беа одржувани од страна на жени кои не се во брак. Сега тој однос изнесува 1 наспроти 5, што е двојно повеќе во однос на домаќинствата што ги одржуваат мажите кои не се во брак.

„Имаше многу нешта што никогаш не мислев дека ќе ги направам, и многу за коишто велев дека никогаш нема да ги направам, и тогаш, се чини одненадеж, станав сопственичка на дом, имам куче и конечно влегов во светот на возрасните“, вели Портер. „Всушнот, многу добро се чувствувам“.

Овие промени имаат значително влијание врз периодот на созревање и оформување на жените. Во САД, на пример, младите жени ги надминуваат своите машки врсници во завршувањето на универзитетското образование и стекнувањето универзитетска диплома.

И ова се случува насекаде низ развиениот свет. Во побогатите земји што работат заедно во рамки на Органиацијата за економска соработка и развој (OECD), жени се носители на речиси 6 од 10 додипломски квалификации.

Во однос на образованието, сè уште не е постигната целосна еднаквост во статусот и платите, но развиените индустрии во многу земји го овозможуваат токму тоа. Во остаткот на светот и во другите дејности, речиси секаде постои видлив напредок на ова поле.

„Пред десет години, жените беа вработувани најмногу во земјоделскиот сектор“, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за труд на САД. Меѓутоа, нештата брзо се променија. „Денес, бројот на вработени жени е најголем во секторот за услужна дејност“.

Историчарката на економија од Харвард, Клаудија Голдин, вели дека во иднина, историчарите веројатно ќе се навраќаат на оваа ера како на време со најнеконзистентен напредок на жените.

„Во Кореа и Јапонија, за многу краток период, од речиси никакви квалификации, жените се стекнаа со многу високо образование“, вели таа. Сепак, во некои земји, на девојките не им е дозволено речиси никакво образование. Минатата година во Пакистан, талибански терорист ја застрела тинејџерката Малала Јусуфзаи поради тоа што го застапуваше правото на девојките да се образуваат.

Бидејќи бројни феминисти/ки се надеваа на универзален прогрес, „многумина тврдат дека оваа револуција набрзо ќе згасне, но јас не мислам така“, вали Голдин, и додава дека, како историчарка, „вообичаено се концентрирам врз долгорочните последици“. Така, таа смета дека жените ќе продолжат да напредуваат низ 21. век, особено со развојот на новите технологии коишто овозможуваат подобар пристап до информации и вработување.

Во претстојните седмици, на интернет страницата на National Public Radio (NPR), ќе биде емитуван серијалот „The Changing Lives of Women“, во рамки на којшто ќе бидат претставени сознанијата на истражувачките репортери, коишто содржат и бројни лични приказни и интервјуа со жени од целиот свет, како и со жени коишто се наоѓаат на позиции со голема економска и политичка моќ. Меѓу другото, ќе бидат обработени и следниве содржини:

- Како речиси една четвртина од американските жени заработуваат повисоки плати од нивните сопрузи – и како тоа ја менува семејната динамика.

- Зошто жените кои не се во брак станаа најголемата група купувачи на домови во САД, веднаш по семејствата, и како успеваат во тоа.

- Како развиените политики за породилно остуство за жените во Германија имаа неочекувано влијание врз успесите на жените во бизнис сферата.

- Како неурамнотежената стапка на наталитет во Кина им овозможува на жените голема предност при бирањето сопруг – и како тоа влијае врз заштедите во Кина.

- The Lady Mechanic Academy во Нигерија, каде што млади жени се обучуваат за кариери како автомеханичарки.

- Како во Мексико, иако конзервативни, самохраните мајки чиишто број постојано се зголемува, успеваат да ја натераат мексиканската влада да се справи со нивните потреби како самохрани родители.

- Нискиот број жени во сферите STEM — science, technology, engineering and math. Разговор со професорката што драматично го зголеми бројот жени со квалификации во полето на компјутерските технологии во рамки на нејзиниот кампус.

- Како жените без деца во САД се справуваат со стареењето – во групни домови.

- Преглед на одговорите на едно едноставно прашње – Што прават жените на телевизиските екрани?

Извор: npr.org