Замислете свет полн со хетерофобија

29.04.2013 08:53
Замислете свет полн со хетерофобија

20-минутниот филм на режисерката Ким Роко Шилдс „Love Is All You Need?“ е измислена приказна за девојката Џуд Клајн која е единствена хетеросексуалка во своето опкружување, во свет во кој хомосексуалноста е норма. Хетеросексуалните лица, презреното малцинство, во овој филм наидуваат на неразбирање, психичко и физичко злоупотребување, а еден млад живот завршува после таквата тортура.

Сè поголемиот број самоубиства меѓу младите ЛГБТ лица после тортурите низ кои минуваат претставува појдовна точка и поттик за режисерката.

Сите ситуации во филмот се пресликани од реалниот живот: нетолеранцијата, психичкото злоупотребување, исклучувањето, претепувањето и на крајот самоубиството, им се случуваат на младите хомосексуалци денес, околу нас.

Подолу може да го погледнете целиот филм.

Извор: www.loveisallyouneedthemovie.com