Светски ден на танцот

29.04.2013 13:14
Светски ден на танцот

Од 29 април 1982 година ширум светот се слави Светскиот ден на танцот и се читаат меѓународните и националните пораки на луѓето нераскинливо поврзани со танцот.

Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на Унеско, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер.

Основната идеја на овој ден е да се потсети јавноста на танцот како уметнички облик на изразување и уживање во неговата универзалност која ги надминува сите политички, културни и етички препреки.

Секоја година се испраќаат пораки за танцот. Пораката за оваа година гласи:

„Уште од првите денови после раѓањето, преку движењето, водени од љубопитството учиме за себе и околината, многу пред првата насмевка и првите зборови. Во првите години од животот продолжуваме со истражување на телото, неговите можности и граници. Преку играта уживаме во движењата како тркалањето, ползењето, пречекорувањето, неуморното скокање и трчање. Кога реагираме на музиката во првите обиди за ритмизиран танц околината нè бодри со многу симпатии.

Но многу брзо потоа уште за време на детството таа неверојатна телесна експанзија е сè повеќе и повеќе потисната на втор план, бидејќи мора да се седи мирно, да се стои мирно, да се оди воедначено и што побрзо да се биде покорен на светот на возрасните. Свет во кој не се игра како било и кога било. Свет во кој се игра само во ретки прилики.

Ако успеете само за миг да ѝ се спротивставите на оваа стандардна приказна за растењето, ќе пронајдете трага на она затемнето детско во себе и ќе заиграте малку без посебен повод, ќе направите нешто посебно за вас самите, а можеби со тоа и ќе ги поттикнете луѓето окоу себе да го направат истото. Можеби токму Денот на танцот е вистинскиот ден да започнете со таков обид?!“

Извор: www.glasnaroda.ba

Слични содржини

Култура / Уметност / Музика
Активизам / Свет / Живот / Уметност / Музика
Свет / Уметност / Филм

ОкоБоли главаВицФото