Слушај

30.04.2013 10:56
Слушај

Кога би ме засолнила како мајски бумбар во некој шкаф
начичкан со кокичиња обоени од твоите очи што сонуваат за долги патувања
понеделник вторник итн би биле само една обична мува
среде плоштадот обрабен со палати во урнатини
од кои би излегувале огромни растенија од корал
и од извезени шалови
на кои се гледаат
исечените дрвја како заминуваат косо нагоре
за да се измешаат со клупите од скверот
на кои јас спијам чекајќи те да дојдеш
како што шумата го чека минувањето на кометата за да може јасно да види
завиткана во своите крзна што јачкаат како огниште
довикувајќи ја гламјата што ја прижелкува додека се проѕева
како некој напуштен каменолом
и ние би се јазеле како скали нагоре по кулата
за да бидеме видени како исчезнуваме
во далечина
како маса однесена од поплава

Препев: Влада Урошевиќ
Слика: Joan Miró

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото