Бранимир Штулиќ - Од А до Ш

19.10.2009 13:52
Џони Штулиќ

Штом Бранимир Штулиќ објави дека подготвува собрани дела од 16 книги, повторно го привлече вниманието на медиумите.

Од Босна го повикуваат новинарите од Dnevni Avaz, од Србија се обидуваат да го вовлечат во реално шоу, а во Хрватска му нудат милиони да настапи во загрепска Арена...

Освежената медиумска помпа ја следи и соодветната распродажба на носталгијата, бидејќи неговата најсилна ритам секција Leiner & Hrnjak најавува спекталуларно враќање. 30-годишнината од синглицата A šta da radim/Balkan ќе се прослави со голем концерт во белградски Dom omladine. Овојпат местото на Штулиќ нема да го заземе бронзената биста (која Леинер ја продава на интернет за 12 илјади евра), а микрофонот ќе го земе Даворин Боговиќ, првиот пејач на Prljavo kazalištе.

Како и досега, Штулиќ останува доследен на својот стил, и ги одбива понудените милиони. Ви претставуваме некои од најинтересните изјави кои ги има дадено за време на кариерата, само да ве потсетиме со кој си имаме работа...

Азра: Цел живот ползев по улиците и го познавам секој загрепски двор, а Азра ја создадов според себе. Тоа е уличен бенд, всушност, Азра е артистички уличен бенд, и тоа е сè.

( Polet, 1980)

Бајага: Како што Марковиќ се потпираше на Тито, така овој се потпираше на мене, и уште побесрамно, разбираш?

( Arkzin, 1993)

Балкан: Балканот е мојата фасцинација. Јас го гледам како Спарта. Таа била составена од четири племиња, а можеби и Евреите биле таму, бидејќи сè некако се плеткаат секаде; но тоа никогаш нема да го дознаам. Спарта, за која пејам јас, тоа е Балканот со своите четири племиња: Албанија, Бугарија, Романија и Југославија. Грција тука доаѓа како Хонг Конг што и’ доаѓа на Кина. Ова чудесно тло е интересно на многу начини. Би сакал да кажам дека за секоја држава, како и за секој човек, битно е да е родена под среќна ѕвезда. Ѕвездите под кои е роден Балканот сè уште се голема тајна.

(Ćao, 1990)

Балканец: Ете, Киро Блажевиќ вели „јас сум Балканец“. Третиот Балканец е Бајага. Мрш у пичку матер, не сум веќе Балканец.

(Arkzin, 1993)

Балканска партија на трудот: Патем, би сакал да основам Балканска партија на трудот. Во својата програма таа би инсистирала на три работи: 30% луѓе би се занимавале со наука, 30% со туризам, 30% со земјоделство, а 10% и онака само пречат, па на нив не треба да се смета. Мислам дека е крајно време оваа земја да се сврти кон науката, да го врзе и да го мотивира умствениот капитал со кој сè уште располага. Човек не може да добие атомска бомба со само неколку хидроцентрали. Значи, мора да создаде вистинска инфраструктура, услови за пресврт или враќање кон научната мисла. Кога велам туризам, не мислам да менување навлаки на перници и да им се мавта на гостите кога заминуваат: ’Дојдете ни пак!’. Тоа значи дека земјата треба сериозно да го сфати тоа, да се одржува во кондиција. А не, кога ќе заврне во Загреб, веднаш да значи поплава. Тука ја подразбирам и екологијата, постојаното заштитување на природата. Под земјоделство разбирам не само производство на храна туку и користење на сето она што ни го пружа поднебјето; квалитетот, доработката, превозот. Мислам дека тоа се трите основни работи кон кои мораме да се свртиме во наредниот период. Така ќе излеземе и од својата земја. Практичната работа е што така корисно би вработиле луѓе за општ интерес. Така се добива сила и мобилност, а со силата доаѓа и мирот. мирот е потребен не само поради мир, или некој да одмора, туку за енергијата да се насочи кон корисната работа.

(Vreme, 1998)

Битлси: Кај мене сè почнува со Битлси, де факто. Но се сеќавам и на Пол Енка, кого го пеев во Скопје 1959 г. „O Dajana, volim te, skini gaće molim te, da vidim bijelu picu, da ti turim kobasicu.“

(Vreme, 1998.)

Бреговиќ (1): Но она што ме нервираше кај Бреговиќ беше следново: јас тогаш веќе бев познат, имав 32 години, значи полнолетен, тогаш се има и право за гласање, имав чувство за сите овие работи што доаѓаа. И постојано сакав да разговарам за политиката, а овој не сака и не сака... Единствено што сакаше: кога ќе ја фатиш и ќе и’ ги завртиш ушите, и ќе и’ ги дигнеш нозете накај таван, а таа квичи ко свиња. Тоа беше единственото што го интересираше. Јас попиздував! Одам да го нагузам, а тој бега под кревет, не можам. Па, си мислам, што да правам со тебе, не можам да разговарам за политика, не можам да те ебам, што да правам?

(Vreme, 1998)

Бреговиќ (2): Бреговиќ направи неколку одлични песни, но не и текстот за нив. Такви песни се, на пример, „Loše vino“ или „Selma“. Но само една му е комплетна – „Zaboravi ako možeš“. Ни таа не е лоша, сè ќе биде покриено од тралалала... Како се вика таа? Јас ја викам Чајковски. И ден денес не разликувам кој е Томсон, а кој Алка Вуица. Тоа е, бре, сè само седум осмини.

(Večernje novosti, 2009)

Генерација: Општо, сите луѓе кои ги запознав од таа генерација, не само во музиката – деветмина од десет – беа обични мали шупаци и крадци кои не знаеја ништо друго освен да украдат и заебат. И затоа се туркаат да бидат столбови на општеството.

(Večernji list, 2002)

Гитарска умешност: Што мислиш, кога сега би те прашал колку добро знаеш да читаш?

(Ilustrovana politika, 1991)

Долгови: Јас сум во спор со Croatia Records. Заклучно со денес, ги тужам за околу 10,5 милиони марки. Бесрамно се украдени моите работи, мојот материјал, моите снимки. Од Komunа барам 720 000 марки.

(Rock Express, 1999)

Држава и власт: Безначајниот човек тежнее кон тоа да има власт. Единствена можност му е да украде, да заебе, да направи нешто и да има некаква важност, инаку е никој и ништо.

(Vreme, 1998)

Екологија: Многу ја сакам екологијата... Навистина, имаме повеќе луѓе отколку дрвја на светов! Луѓето не ни требаат зашто само го вдишуваат тој кислород, и сега, кој е побитен во светов?

(Ćao, 1991)

Жени: Џони е гол курац. Тоа беа глупости за мали деца. Луѓето пишуваат сешто, мораат да се занимаваат со нешто, животот е досаден. И тогаш се фаќаат за некој несреќник, некој идиот, и од него прават што тие сакаат. А кога ќе дојде следната пролет, женката сака нешто ново, па го заменуваат со некој човек. Сè се прави само за да се задоволат жените. Овој бел свет тоа веќе не може да го поднесе. Само жени, жени, жени...

(Vreme zabave, 1994, коментар на графитот Džoni je bog)

Заветрина: Не побегнав, ниту се откажав, ниту побарав заветрина. Го сторив она што и Ликунг го сторил: го направив она што го сакав и се тргнав за да не му пречам на своето дело, за тоа да дојде до поголем израз. Кога си тука – обично не се гледа што си направил. Дадов нешто што никој не го дал – и се тргнав. Морав, поради себе. Обичај е тие, кои ќе направат нешто, да се заседнат и да не им даваат место на другите. Јас не го сакав тоа. Мене никој не ме тргна, и тоа битно да се знае.

(Ćao, 1990)

Идоли: Кога луѓето би знаеле какви се нивните идоли приватно – повеќе не би сакале. Или можеби би ги сакале, но се сомневам... Приватно, идолите се медуиокритети, газолизачи и измамници. Медиокритетите немаат право да бидат идоли, бидејќи тоа е огромна обврска, одговорност. Овие нашиве ќе му служат секому и секому ќе се додворуваат – за да си го спасат газот! Зошто кај нас сите одат на училиште? Не за да научат – туку да добијат диплома. Така да стигнат до некоја положба и да им вратат на оние кои некогаш ги злоставувале. Така и музичарите. не поради музиката, идејата, туку поради славата. Да се дограбат до популарноста и да им се реваншираат на сите.... Тоа е една голема петта колона.

(Ćao, 1990)

Интелегенција: Паметните луѓе го собираат профитот, а целата клима отиде во пичка мајчина. Премногу луѓе сме на сцената. Јас сум интелегентен, а не паметен. Паметните работат за општиот газ, а интелегентните само за својот.

(Rock Express, 1999)

Искрено: Јас сум малку Пикасо, малку Достоевски, можеби малку и Миро и Мао Це Тунг.

(Dragan Todorović, 1993)

Историја и религија: Нашата религија потекнува од паганската, а врховниот пагански бог секогаш бил оној кој пукал со громови, молњи и сосем природно е човек да гледа нагоре. Будистите го бараат Бог во себе, но ние веќе тоа го знаеме, штом го имаме изразот „убиј го Бога во себе“. Историјата е збор кој означува трагање, нешто како Шерлок Холмс.

(Dragan Todorović, 1993)

Југославија (1): Па, јас никогаш не сум ја сакал Југославија. немаше добро име, тоа име секогаш ми значеше јужна робија. Добро, тоа не ми пречеше, дизајнот беше извонреден, но луѓето не беа ОК. А сега е уште полошо.

Југославија (2): Штета што сега ја нема Југославија, зашто каде ќе одат сите тие кретени и крадци?

(Feral Tribune, 1993)

Компонирање: Уште одамна, како дете, прочитав дека Сметана со денови ја памтел мелодијата сè додека не му дошле зборовите. Така работам и јас.

(Polet, 1980)

Композитор: Што ми вреди да се чувствувам како композитор додека седам на тоалетната школка?

(Pop Rock, 1991)

Кустурица: Затоа кај сликарот имаш палец, па така знаеш како му доаѓа главата. Ако е нормален, му доаѓа 1:7, ако е Кустурица, му доаѓа 1:6.

(Večernje novosti, 2009)

Македонија: Да ти кажам право, новата Македонија ја создадоа Тито и Штулиќ!

(Vreme zabave, 1994)

Минато: Често, кога ќе се навратам на минатите години, и тоа, на своите, морам да кажам дека се презирам себе си, и се гадам од самиот себе. Сега се гадам од себе, но тогаш, кога не знаев ништо, навистина бев искрен и наивен во сè.

(Vreme, 1998)

Нерон: Имам носталгија по самиот себе. Сакам да кажам дека се чувствувам како Нерон, често велам – леле, каква величина пропаѓа со мене.

(Vreme, 1998)

Носталгија: Кога велам земја, мислам мирис. Секаде сум скитал и секогаш сум ги сакал мирисите. А луѓето не ми недостасувале, бидејќи повеќе биле лоши отколку добри, иако тоа не смее да се каже општо за сите. ми недостасуваа мирисите, оној ритам на живот, мојата работа...

(Dragan Todorović 1993)

Образование: Кога во 1972 г. завршив гимназија, почнав да се врткам на Филозофскиот факултет. Подоцна имав своја „катедра“ во подрумот на факултетот. Беше тоа секој ден од два до девет. Таму се испија хектолитри вино.

(Polet, 1980)

Поезија: Треба еден тон ружи за едно шишенце колонска вода.

(Dragan Todorović, 1993, на прашањето кога ќе објави збирка поезија)

Популарност: Што помалку ме има, толку повеќе се сакам. Што повеќе ме има, толку повеќе се мразам.

(Novi list, 2005)

Реклама: Секогаш ми зборуваа дека морам да ја промовирам плочата, дека морам да се сликам, да давам интервјуа... Па, ги прашав: „сте го читале ли Достоевски?“. Велат: „Да!“. „А дали сте го виделе некогаш?“.

(Nin, 1991)

Револуција: Својата револуција ја финансирав сам, покажав дека можам, го изведов она што требаше – и знаев да дојдам на време. Што уште би требало? Она, што го направив, не го направил никој пред мене. Проблемите на кои наидував беа многу корисни. Така и единствено можев да победам. Бидејќи, како човекот го победил животното? Така што мислел, а послабиот мисли и победува.

(Ćao, 1990)

Римско право: Инаку, верувам во римското право чија основа е, што никој не знае, дека таткото може да го убие синот и сите во куќата, ако сака.

(Vreme, 1998)

Семејство: Морав да работам нешто, мене животот дома секогаш ми беше пекол. Во него се чувствував како странец.

(Polet,1980)

Слобода: Уште Грците така ја дефинирале: слободен човек е оној што се занимава со она што го знае најдобро. Јас се занимавам со уметност, а приватно сум историчар.

(Dragan Todorović, 1993)

Тито: Денес го нема Тито, а тој беше најголемиот западен анархист.

(Vreme, 1998)

Турци: Ми се чини дека повторно ќе мораме да поминеме 500 години под Турците. Тие ни оставиле убави песни. Според мене, најубава народна музика имаат Турците. Таа музика е нешто најдобро што Југославија го имала. Останатото не ме интересираше. Погледнете ја денешната народна музика. Луѓето не го преминале тоа ниво.

(Novosti, 2005)

Фудбал (1): Обично спијам до четири, потоа работам цела ноќ и единствено живеам, ако воопшто живеам, кога играм фудбал.

(Vreme zabave, 1994)

Фудбал (2): Роден фудбалер сум. Тоа ми е како водата на рибите. Но видов дека линијата на помал отпор е содржана во сè. И да живеам милион години, никогаш ништо не би постигнал со фудбалот. Не сум го допрел три години. Последниве три години само отчукував книги, така што полудев.

(Večernje novosti, 2009)

Холандија: Холандија е под нивото на морето, но за мене – тоа е земја на добар преглед. Соочен со сите, таму имам поголем страв, па подобро размислувам. Кај нас не може многу да се мисли. ние сме многу паметни кога сме инстиктивни, а кога ќе почнеме многу да размислуваме, тогаш ништо не функционира. Таму нема многу инстинкти, тами сите имаат сè, со многу промисленост. На овие простори изгледа дека никогаш не сме имале време да мислиме доволно, и отсекогаш сме се потпирале на инстинктот.

(Ćao, 1990)

Цитати: Секако дека се покажува што сум јадел, што сум слушал, читал. Па, и Шекспир бил на грчки класици. Јас тоа свесно го работев.

(Vreme, 1998)

Извор: zurnal.info

 

 

ОкоБоли главаВицФото