Детски игри кои никогаш не ги надраснуваме

09.05.2013 12:45
Детски игри кои никогаш не ги надраснуваме

Ретко ќе најдете човек кој ќе ви каже дека не го сака звукот и чувството под прстите додека ги пука пластичните балончиња од пакувањата за кршливи предмети. Но, тоа не е единствената игра во која уживаат и старите и младите. Новото истражување на компанијата Панасоник покажува дека многу возрасни сакаат голем дел од детските игри, а освен пукањето на балончињата, тука се и правењето снешко и шутирањето купче лисја.

Студијата е спроведена врз 1.000 возрасни луѓе, а 40% признале дека добиваат коментар „да се однесуваат во склад со годините“, кога пред другите изведуваат „детинести“ работи.

Психологот Сандра Витли вели дека е здраво возрасните да уживаат во детските игри.

„Ваквите активности не мораат да бидат исклучиво детски. Штета е што има луѓе кои мислат дека не смеат да си поминат добро ако се возрасни, грижејќи се за тоа што ќе речат другите“, вели Сандра Витли.

Според истражувањето, овие детски активности возрасните никогаш нема да ги надраснат:

1. Пукање балончиња од најлонски амбалажи

2. Газење во длабок снег

3. Гледање детски филмови

4. Шутирање купчиња лисја

5. Лижење на преостанатиот фил од чинијата

6. Правење снешко

7. Лулање на лулашки

8. Правење смешни гримаси

9. Прскање со вода или борба со топки снег

10. Одење во луна парк

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото