1008 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 18:10

Кога Луис Вејн, голем љубител на мачки, кој воедно страдал и од шизофренија, открил дека неговата сопруга полека умира од рак на градата, се обидел да ја насмее и да ѝ го олесни секој нареден ден, така што почнал да го црта нивниот домашен мачор Питер. Во викторијанската ера мачите воопшто не биле сметани за миленичиња, или пак за членови на семејството. Нивната задача се состоела во тоа да ги чуваат глувците што подалеку. Но не и во домот на семејството Вејн.
Со текот на годините, Луис започнал да експериментира со портретите, прикажувајќи го Питер со одредени својства кои дотогаш биле резервирани само за луѓето. Некои ислустрации ја претставуваат ова мачка како пуши, свири на некој инструмент, или пак, како послужува чај.
Неговата работа набрзо станала многу популарна во викторијанска Англија, едноставно поради тоа што никој порано и не бил заинтересиран за обичните домашни мачки, ниту пак некогаш се обидел да ги прикаже на толку духовит начин. Неговите слики биле дел од многу постери и честитки, како и од стотици детски книги. Сите уживале во нив, славејќи ги.
„Тој ја присвои мачката. Измисли нов стил, ново опшетство, цел нов свет во чиј центар се наоѓа мачката. Англиските мачки кои не наликуваат и не живеат како мачките на Луис Вејн се срамат од себеси“ – Х. Џ. Велс.
Но за жал прво Луис ја изгубил својата сакана сопруга, па и сите негови пари во неколку проекти кои набрзо пропаднале. Како што стареел, неговата ментална стабилност била сè позагрозена. Иако секогаш го сметале за многу шармантен но прилично чуден, повеќе не бил во состојба да ја разликува реалноста од фантазиите. Во 1924 година неговите сестри одлучиле да го сместат во менталната институција во Спрингфилд, бидејќи повеќе не можеле да се грижат за него ниту пак да се справат со неговото насилно однесување и повремените емоционални испади.
За среќа познатиот писател Х. Џ. Велс и тогашниот премиер Рамзи Мекдоналд, и двајцата блиски пријатели на Луис и поддржувачи на неговата уметност, се погрижиле да го префрлат во многу попријатна институција, каде и на мачките им бил дозволен пристап.
Многумина тврдат дека шизофренијата на Вејн била предизвикана од токсоплазмоза, паразитска инфекција која може да се добие и од мачки, но не постојат цврсти докази за тоа.
Дури и во неговите подоцнежни години, кога болеста навистина го присвоила неговиот ум, Вејн не престанал да слика. Но неговите познати и духовити илустрации се претвориле во помрачни и поапстрактни дела , неверојатно покомплексни и интензивни. Тие ја одразуваат природата на неговата болест и нејзиниот моќен ефект на неговата ментална состојба.
Денес неговите цртежи служат како репрезентација на авантурите на еден човек кои бил исполнети со среќа и живот, но потоа се трансформирале во нешто сосема збунувачко и мрачно, исто како и неговите последни дела.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор: sobadsogood.com