Џоли без цицки

16.05.2013 15:27
Џоли без цицки

Снимка од Обама како во јавен тоалет плеска бела калуѓерка помалку би го вознемирила светот отколку сечењето на цицките на Анџелина Џоли. Знаете сè ама да го повториме битното: Анџелина Џоли рано ја изгубила мајката која умрела од рак на јајниците, а од рак на дојка умрела баба ѝ, исто така многу млада. Американските лекари пресметале дека кај Џоли постои 85% шанси да добие рак на дојка, а можеби ќе заболи и од рак на јајниците.

Џоли, мајка на којзнае коку деца со разни бои, одлучи да го сведе ризикот на 5% - на нејзините деца им треба мајка - и да отиде во болница... другото е историја. Зошто таа вест одекна онака како што би одекнала бомба фрлена врз новата најголема зграда во Њујорк? Затоа што Џоли во моментов е најголема мајка на светот. Не е само мајка туку и Жена над Жените, која собра храброст и својата болка, страв и трепет ги подели со целиот свет.

Пораката до жените не може да биде појасна. Превенцијата го спасува животот. Треба само да се дефинира дали носиш погрешен ген, да тргнеш кон болница, да дозволиш да ти ги исечат цицките, да ти вметнат силиконски торбички па после недела или две да се вратиш на нормалниот живот. Баш тоа го направи Анџелина. Би било навредливо да не е смешно. Многу угледни американски колумнистки го напишаа она што на секоја нормална жена прво ѝ паѓа на памет додека ја чита исповедта на Анџелина. Колку чини тоа? Никаде податок.

Дали Џоли платила што било, иако би можела да ја плати која било цена? Не платила. Ако платила, во своето писмо не би го спомнувала името на болницата. Цицките ѝ се исечени за џабе, ѝ ставиле вештачки и уште ја исплатиле во злато. Џоли и ликовите како неа не излегуваат од дома бесплатно. Тоа и не е толку битно колку цинизмот на уважената госпоѓа. Марија Антоанета во однос на неа е благородна госпоѓа. Настрана е оваа женска која го обиколува светот и ги чешка по главчињата децата на кои Американците им ги убиле и мајката и таткото и бабата и дедото.

Да им се порачува на жените во светот, на кои од рак на дојка им умреле мајките, тетките, сестрите, да дозволат да им ги исечат цицките е повеќе од вулгарно. Со што оние кои не се холивудски диви ќе го платат превентивното сечење на цицките? Кој би им одобрил боледување за тоа? На сите меридијани и паралели жените заболени од рак на дојка поле хемотерапијата одат на работа за да не добијат отказ. Цицките во урнатините од болници им ги сечат хирурзи кои немаат време ниту да поразговараат неколку минути со пациентите, зборувам за состојбата во Хрватска.

Онколозите пред зрачењето ќе те ишараат, не смееш да се бањаш додека се зрачиш, ако случајно го избришеш „цртежот“ добиваш супа од јазик која те убива повеќе од хемотерапијата. „Случајот Џоли“ е само уште една од манипулациите. Нејзиниот „апел“ не е упатен кон кутрите жени во светот туку кон богатите госпоѓи. Ним треба да им се обратите, нив треба да ги однесете во незамисливо скапите клиники, ним треба да им говорите за статистиките и шансите и ним треба да им ги отсечете цицките. Ние останатите сме препуштени на немилоста на локалните месари дури откако ќе ни го откријат ракот.

Не толку одамна во риечкиот КБЦ пациентките сами си купуваа силиконски додатоци, само во една аптека во Хрватска, затоа што баш во таа ја знаат докторката која ги препорачала, а потоа кутрите мораа да ги „донираат“ додатоците за државата да заштеди пари. За пеколот низ кој поминуваат бедниците на кои во Хрватска градите не им се отсекуваат превентивно нема да најдете текст ниту во весниците ниту на порталите.

На одделите бубашваби, стаорци, излупени ѕидови, онколозите паѓаат од нога, докторите ве праќаат на зрачење на цицката која ви преостанала, а не на зрачење на она што ви останало од болната... Бездушните работодавци им даваат отказ на пациентите, а 30% од хрватските мажи ги оставаат своите партнерки на кои ракот им ја изел цицката. Сето тоа за нас е медиумски тотално неинтересно. Нашите Ани, Мари и Марии не се Џоли, а дома го немаат ни Пит.

Целата оваа пиздарија на некој начин ме разгали. И богатите се плашат од смртта исто како што од неа се плашиме ние кои од банкрот, не е моја финта, нè дели една плата. Разлика сепак постои. Тие мислат дека им има спас, ние знаеме дека го нема. Тоа сознание нè опушта. Затоа мајка ми која од имот ме имаше мене, зетот и внуците живееше дваесет години подолго од Стив Џобс. Ја сакам смртта. Ја боли курот за статистика.

Извор: rudan.info

ОкоБоли главаВицФото