Лицата со понизок IQ почесто мразат други раси и народи

17.05.2013 10:09
Лицата со понизок IQ почесто мразат други раси и народи

Истражување спроведено од тим угледни професори од Универзитетот Брок во Канада покажало дека лицата кои имаат понизок степен на интелигенција се склони кон расизам, односно омраза кон други раси и народи.

Имено, студијата на канадските професори објавена во магазинот „Psychological Science“ покажала дека постои голема поврзаност помеѓу предрасудите, нискиот степен на интелигенција и конзервативните идеологии.

Канадските професори на чело со Гордон Ходсон докажале дека предрасудите и омразата почесто се појавуваат кај лицата кои ја симпатизираат десничарската идеологија, како социјалниот конзервативизам и авторитаризам, како и кај лицата кои помалку имаат допир со другите и различните.

„Користејќи примерок од 15.874 лица во Велика Британија, покажавме дека децата со понизок степен на општа интелигенција (IQ) во подоцнежниот период од животот стануваат многу повеќе склони кон предрасуди и нетолеранција кон другиот и различнот и обично се пронаоѓаат во конзервативните идеологии“, вели професорот Ходсон.

Социјалниот конзервативизам е политичка идеологија која заговара зачувување на сето она што може да се нарече традиционална вредност. Исто така, социјалниот конзервативизам неретко го поддржува и национализмот кој го исклучува другиот и различниот.

„Конзервативните идеологии заговараат строга хиерархија и отпор кон промените што се особини кои придонесуваат за зајакнување на предрасудите и нетолеранцијата кај луѓето“, смета Ходсон.

Професорот Брајан Носек кој исто така учествувал во наведената студија, истакна дека резултатите покажале дека неможноста на децата со понизок степен на интелигенција да го сфатат и прифатат мислењето на другите, посебено лицата кои припаѓаат на друга нација или класа, јасно покажуваат дека некогаш во текот на животот ќе се приклонат кон десничарските идеологии.

За да ја утврдат можноста од поврзаност помеѓу степенот на интелигенција и политичката ориентација, канадските професори, меѓу другото, ги прашале испитаниците за нивното мислење за улогата на жената во општеството и влијанието на установите на промоцијата на авторитетите.

Извор: www.livescience.com
Слика: Мајкл Алварез

Слични содржини

Општество / Европа / Свет / Теорија
Општество / Психологија / Наука
Општество / Теорија
Никола Гелевски
Општество / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото