Секретарот на Европскиот совет за ЛГБТ правата

17.05.2013 13:55
Секретарот на Европскиот совет за ЛГБТ правата

По повод Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата (IDAHO), генералниот секретар на Европскиот совет Торбјорн Јагланд ги повика земјите-членки на борба против дискриминацијата заснована на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Злосторствата од омраза кои се мотивирани од нечија сексуална ориентација или родов идентитет директно ги кршат основните човекови права. Европејците мораат да го заштитат правото на слобода на изразување и на мирно собирање. Некои земји-членки сè уште ги немаат освоено потребните закони кои директно или индиректно би ја забраниле дискриминацијата заснована на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на лицата. Ги охрабрувам да соработуваат со Европскиот совет за да постигнат напредок во оваа насока, со цел ЛГБТ луѓето да можат во целост да ги уживаат своите човекови права“, изјави Јагланд.

Преку активностите кои се спроведуваат во рамки на постојниот ЛГБТ проект на Организацијата, Европскиот совет ја предводи борбата против дискриминацијата заснована на сексуалната ориентација и родовите идентитети. Комитетот на министри на Европскиот совет во 2010 година ја усвои специфичната препорака за земјите-членки, обезбедувајќи широка рамка за препознавање на подобрувањата кои мора нужно да се спроведат. Комитетот на министрите неодамна организирааше и мониторинг во врска со спроведувањето на оваа препорака во земјите-членки.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото