Ткаенина од спреј

20.05.2013 09:45
Ткаенина од спреј

Ткаенината во спреј со која можете да си направите облека по своја мерка е револуционерен изум кој го одушеви модниот свет. Станува збор за течна мешавина направена од влакна од памук. Влакната се помешани со полимери што заедно го прават материјалот кој може да биде од памук, волна, лен или акрил. Облеката настанува од ткаенината во спрејот која се суши кога доаѓа во допир со кожата, а парчињата облека можат да се носат, да се перат во машина и повторно да се носат.

Освен во модната индустрија, овој изум може да се користи и за медицински цели (производство на медицински крпи и завои), производство на хигиенски марамчиња, освежувачи на воздух или покривки за мебел.

Извор: geek.hr

ОкоБоли главаВицФото