ДПМНЕ со 8 пати повеќе реклами од СДСМ

25.05.2013 09:01
ДПМНЕ со 8 пати повеќе реклами од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ емитуваше 8 пати повеќе реклами од СДСМ на изборите - за плаќање ќе видиме

 

ВМРО-ДПМНЕ го надмина СДСМ во нарачките и емитувањето на предизборни реклами во сооднос осум спрема еден. Проблем е само што додека СДСМ има платено 87 отсто од рекламите, ВМРО-ДПМНЕ има подмирено едвај 4 отсто од цехот. Остатокот ќе го платиме сите ние.

ВМРО-ДПМНЕ на мартовски локални избори се рекламираше без прекин и каде стигнеше. За владејачката партија парите не се проблем. Не се проблем зашто таа нема да ги плати, туку за неа тоа ќе го стори националниот буџет.

Фактот што борчовите на ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се платени ни речиси два месеци по изборите го покажува тоа, иако според законот рекламирањето мора да се плати исклучиво од посебната партиска сметка отворена само за донации и плаќање трошоци поврзани со изборите. И иако оваа сметка треба да се затоври 30 дена по завршување на изборите, што значи дека во тој рок ВМРО-ДПМНЕ морал да ги подмири сите долгови поврзани со кампањата. Но, наместо тоа, владејчката партија сметките ќе си ги подмири или од пријателските фирми - приватни, но и државни, а во кои директори се вмровци, зашто сите тие имаат право 5 отсто од своите годишни приходи да ги донираат.

Право на донација, исто во износ од 5 отсто од годишните приходи, имаат и самите медиуми, така што оние блиските до власта, каде што ВМРО-ДПМНЕ воглавно ги нема подмирено сметките, најверојатно никогаш нема ни да ги подмири, туку ќе добие „донација“ од самите медиуми блиски до неа.

За сметка на тоа, пак, ВМРО-ДПМНЕ, во следните државни и буџетски финансирани кампањи, овие свои пријателски медиуми ќе ги преполни со државни реклами, така што медиумите ќе си го наплатат предизборното рекламирање и тоа повеќекратно. Само што овојпат тоа ќе биде со наши народни пари. Така што, следниот пат кога на телевизија ќе видите некоја државна кампања, знајте дека тоа власта со ваши пари се раздолжува за предизборното рекламирање.

Како инаку да се објаснат попустите што Канал 5 им ги дава на властодршците и тоа од 72 отсто и Сител со 60 отсто? Сигурно двете најголеми национални телевизии во земјава, обете провладини, ова не го прават од љубов.

ЛЕГЕНДА ЗА ТАБЕЛИТЕ: Извештаи на медиумите , доставени до Антикорупциската комисија, за износот во кој е нарачано време за рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добиените попусти, сумата за плаќање по пресметани попусти и нивото на платени фактури до 20 мај 2013 година по медиуми и вкупно. Сите износи се во денари, освен последниот ред во двете табели во кој вкупните износи се конвертирани во евра.

Напомени: Износите се преземени од извештаите на самите медиуми доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата. Не е јасно зошто ТВ Тера од Битола има поднесено два извештаи, но со оглед на тоа што тие содржат различни цифри и износи, овде се вклучени и двата. Извештаите на „Нова Македонија“ и на ТРД Радио Нова Зора на страната на ДКСК не се отвораа попладнево. Кога ќе се кликншее на линкот, серверот вели дека таква датотека не постои. Извештајот на ТРД Радио Нова Зора се уште не се отвора ноќва, а линкот до извептајот на Нова Македонија е отстранет и името на весникот целосно е избришано од страната на ДКСК. Во горната листа од непознати причини не се вклучени сите медиуми на кои имаше политички маркетинг. На листата, на пример, недостасува ТВ Алфа, иако и оваа телевизија емитуваше предизборни реклами, а сигурно има и други медиуми што недостасуваат. Ако се земе предвид фактот што на Алфа и во Нова Македонија воглавно или исклучиво се рекламираше владеачката коалиција, тогаш потрошените средства од нејзина страна сигурно се поголеми од овде наведените. Извор: ДКСК

Забелешки:

1. Износот од 1,114 милиони евра, за кој ВМРО-ДПМНЕ нарача реклами на локалните избори е 8 пати поголем од износот од 144 илјади евра, колку што нарача СДСМ.

2. ВМРО-ДПМНЕ доби 35 отсто попуст на вкупната нарачка од медиумите, додека СДСМ од својата нарачка доби само 11 отсто попуст.

3. ВМРО-ДПМНЕ должи 96 отсто од парите што треба да им ги плати на медиумите, додека СДСМ должи само 13 отсто. И во двата случаи износите што се должат се заклучно со 20 мај 2013 година.

4. ВМРО-ДПМНЕ само во Канал 5 има потрошено повеќе пари за предизборно рекламирање од севкупниот буџет за медиуми на СДСМ.

Извор: anfas.blogspot.se