Балканот меѓу регионите со најмалку атеисти на светот

25.05.2013 08:27
Балканот меѓу регионите со најмалку атеисти на светот

Истражување на Gallup International за религиозноста на луѓето ширум светот покажа дека земја со најголем број атеисти е Кина, каде речиси 50% од жителите се опишуваат како нерелгиозни.

Gallup испитал повеќе од 50.000 луѓе во 40 земји во светот за тоа колку се религиозни, односно дали се сметаат за верници, или неверници т.е. атеисти.

Фактот дека Кина е на самиот врв на листата на земји со најмногу атеисти не изненадува, бидејќи републичката влада формирана во 1949 година се изјасни како атеистичка.

Според ова истражување, за атеисти се сметаат околу 13% од вкупната светска популација. После Кина најмногу атеисти има во Јапонија, а еден од најинтересните податоци е дека во Саудиска Арабија околу 5% од населението се изјасниле како атеисти.

Кога станува збор за европските земји, најмногу атеисти има Чешка со речиси 50% од населението. Од останатите земји, за атеисти се сметаат 30% од Французите, 20% од Германците и Американците и околу 10% од Русите.

Во истражувањето се вклучени и земјите од Балканот, кои по бројот на атеисти се на самото дно, односно само 4% од населението во балканските земји се сметаат за атеисти.

Наведената студија покажала дека најрелигиозни се жителите на Авганистан, Ирак, Гана, Нигерија и Ерменија, каде девет од десет лица се сметаат за религиозни.

Исто така, истражувањето покажало дека религијата е многу поприсутна во неразвиените и сиромашните земји.

Извор: www.seebiz.eu