СЛОБОДА или СМРТ: Сјајот и бедата на ВМРО

23.10.2009 10:20
smrt-ili-sloboda-ud.jpg

Македонската Револуционерна Организација во нашата историја остави блескави моменти како Илинден 903, првата република на Балканот и Крушевскиот Манифест и личности како Гоце Делчев, Јане Сандански, Никола Карев и Питу Гули, но овој текст ќе се позанимава и со нејзиниот контроверзен лик, Ванчо Михајлов, чие раритено видео- интервју ви го прикажуваме тука.

На денешен ден, 23-ти Октомври, во 1893 година, во Солун, најголемиот град во регионот Македонија тогаш под власта на Отоманската империја, формирана е тајната револуционерна Организација (намерно се определуваме за овој воопштен термин, затоа што таа неколкупати го има менувано своето официјално име, напр. ТМОРО, ВМОРО итн., а она, кое сега ни е најпознато, ВМРО, таа го добива далеку по Илинденската епопеја, односно дури во 1919 година). Основачи на онаа оригиналната Организација во 1893 година, се неколкумина, воглавно млади интелектуалци, собрани од сите страни на Македонија: Иван Хаџи Николов од Кукуш, Д-р Христо Татарчев од Ресен, Даме Груев од Смилево, Петар Поп Арсов од Богомила, Андон Димитров од Ајватово и Христо Батанџиев од Гуменџе. Малку подоцна, кон неа се приклучува и нејзиниот најславен апостол, Гоце Делчев.

Со натчовечки напори, саможртви и дисциплина на нејзините дејци и следбеници, Организацијата успева да ја мобилизира интелигенцијата и народните маси, со векови угнетувани под назадниот и корумпиран Отомански полуфеудален јарем, во борба за остварување на поправеден живот во една Автономна Македонија, макар била и во границите на Отоманското царство, со цел нејзината територија да се зачува од империјалистичките аспирации на соседните монархии. Организацијата воспостави таен, паралелен систем на власт низ земјата, своевидна „подземна Република“, со свои вооружени сили, судови, даночен систем и печат, а како што работеше на агитација и воспитување на населението, така беше активна и на дипломатски план, за интернационализација на нерешеното Македонско прашање. Во своите почетоци, значителен дел од членството на Организацијата, особено помладиот, беше под силно влијание на тогаш актуелните социјалистички или анархистички идеи, па наместо етноцентристички шовинизам, таа проповедаше соработка меѓу различните етнички групи во Македонија.

Се нижеа бурни епизоди од историјата на Организацијата: грабнувањето на Мис Хелен Стоун од страна на Јане Сандански, потоа херојското Илинденско востание, при што беше формирана и краткотрајната Крушевска Република на чело со социјалистот Никола Карев, која послужи како основа и за современата Македонска држава формирана на АСНОМ. Таа прва современа македонска државна творба беше задушена во крв од страна на аскерот на Бахтијар Паша и башибозуците, при што во нерамната битка кај Мечкин камен, загина војводата Питу Гули сосе целата негова чета. Следеа и борбите против мешањата на соседните владејачки клики во македонските работи, против врховизмот од Софија и великогрчките андарти на Мелас и Каравангелис, а беше воспоставена соработка со прогресивното Младотурско движење итн. Многу од дејците на Организацијата паѓаат во заробеништво, по што поминуваат низ Голготата на суровите затвори во Беаз Куле во Солун, Дијаберкир во турскиот Курдистан, Фезан во Либија итн. За таквите страдања, во својата книга „Солунските атентати и заточениците во Фезан“ говори и последниот преживеан гемиџија, Павел Шатев, а тоа е тамата и на играниот филм „Најдолгиот пат“.

Дејноста на Организацијата не останува незабележана и од тогашната светска јавност. Познатиот британски левичарски публицист Хенри Ноел Брајслфорд пишува во поддршка на Македонската револуција, а многумина странски интелектуалци и активно се вклучуваат во борбата, како например, американскиот новинар Алберт Сониксен, авторот на делото „Исповед на еден македонски четник“, потоа Јулиј Розентал, доброволец од полско благородничко потекло и други. Оригиналната, првична приказна на Организацијата завршува во 1908 година, кога по Младотурската револуција, која ветува демократизација и остварување на правата на сите етнички групи во Империјата, многумина од нејзините членови се вклучуваат во легалниот општествено- политички и парламентарен живот, за подоцна, разочарани од неисполнувањето на младотурските ветувања, тие повторно да се кренат на оружје.

Како и да е, историјата на Организацијата имаше и своја помалку блескава страна. Во нејзините редови настана идеолошка шизма, Организацијата се подели на лево и десно крило, што резултираше и со жестока братоубиствена војна. Како нејзин почеток некои го наведуваат атентатот врз Борис Сарафов и Иван Гарванов, извршен од Тодор Паница, како казна за наводно предавство.

Во контекстот на братоубиствените борби, задолжително би требало да се осврнеме на Иван (Ванчо) Михајлов алиас Радко, лидерот на ВМРО во периодот по 1924 година. Дали бил позитивен или негативен лик, да ги оставиме фактите да говорат сами. Додека од десничарските кругови кај нас, Михајлов е претставен како бескомпромисен борец против поробувачите на Македонија, при што некои партии со десничарски предзнак во Република Македонија се обидуваат да го „шмугнат“ во револуционерниот Пантеон рамо до рамо со старите Илинденци, од спротивната страна пак, главно од левичарските кругови, но не само од нив, се укажува дека тој немилосрдно се пресметувал и со неистомислениците во рамките на самото Македонско ослободително движење.

Како што неговиот претходник Тодор Александров сноси одговорност за атентатот врз Ѓорче Петров, што инаку послужи како инспирација за делото „Црнила“ на Чашуле, потоа и на Тодор Чопов, внукот од сестра на Делчев и други видни дејци, по нарачка на Михајлов истотака се ликвидирани повеќе поранешни припадници на Организацијата, многумина токму од оној, оригиналниот, Илинденски период. Тука би ги спомнале например: Димо Хаџи Димов, близок соработник на Делчев, кој со него учествува и во фаталната битка во селото Баница; потоа Тодор Паница, блискиот соработник на Јане Сандански; Петре Чаулев учесник во Илинден, како и во Охридското востание против српската окупација во 1913, потоа Арсениј Јовков и ред други. Тука можеме да потсетиме, дека официјалната македонска Четата на Чаулеисториографија го вбројува Михајлов (или барем го вбројуваше) во изразито негативните личности на македонската историја. Дури и да ги земеме нејзините тврдења како обременети со идеологија од времето на едноумието, останува неоспорниот факт дека Михајлов применувал макијавелистички методи и тоа не само против поробувачите на Македонија, но како што спомнавме, дури и против нејзини докажани борци за слобода. Сега, тоа што тој се декларирал за „етнички Бугарин од регионот Македонија“ односно Македонски Бугарин, воопшто не е битно, секој упатен знае дека такво самосознание имале речиси сите припадници на Организацијата без разлика на своите леви или десни политички ставови (освен се разбира нејзините влашки, младотурски, албански, еврејски и други поддржувачи). Во секој случај, по сумирањето на сите факти, може да се заклучи дека Михајлов е секако една од најконтроверзните личности од нашата историја.

Иван (Ванчо) Михајлов е роден Ново село, Штипско на 26 Август 1896 година. Се образува во Бугарската машка гимназија во Солун и на Правниот факултет во Софија, каде го формира студентското здружение „Вардар“. Во 1919 година, по хаосот на Балканските и Првата светска војна, револуционерната Организација се возобновува под името ВМРО, а Михајлов е поканет од страна на нејзиниот водач Тодор Александров да стапи во неа како негов секретар, за по неговата смрт, Михајлов да застане и на нејзино чело. За полесна идентификација во однос на другите организации и движења, кои се појавувале низ историјата со слично име, оваа Организација македонската историографија ја нарекува „ВМРО- Автономистичка“. Дали таа била легитимен наследник на онаа оригиналната Организација од времето на Илинден, за тоа може да се спори. Таа самата се повикувала на таков континуитет, иако сега била есктремно десничарска, па како таква сурово се пресметувала со низа автентични Илинденци, нејзини неистомисленици, како погореспоменатиот Ѓорче Петров например. ВМРО израснува во силна герилска организација, при што од своите бази во Бугарија извршува терористички акции против властите на новиот поробувач на Вардарска Македонија, соседното Кралство на СХС, а создава и ригидна паралелна власт во самата Бугарија, особено во Пиринска Македонија, каде безмилосно ги ликвидира сите свои политички противници. Исто така, таа и брутално се меша во политичкиот живот на Бугарија, како во случајот со Деветојунскиот преврат и Септемвриското востание во 1923 година.

Разно: Прличев, Хаџи Димов, ВлаховСо цел да се надмине крвавата шизма помеѓу левицата и десницата во Македонското ослободително движење, се покренува иницијатива за нивно меѓусебно помирување и обединување во една Организација, која строго би се држела до идеалите за независна Македонија, спротивставувајќи се на сите соседни империјализми, вклучително и влијанијата на официјална Софија, со можност ослободената Македонија во иднина да влезе и во една Балканска федерација. За ваквите иницијативи (веројатно покренати од левичарот Димитар Влахов, инаку близок до Коминтерната), интерес покажал и СССР, кој понудил поддршка за создавање на една таква силна револуционерна организација под свое спонзорство, со цел да експортира комунистичка револуција на Балканите и да се создаде Балканска комунистичка федерација по углед на СССР. Иако биле започнати преговори за реализирање на оваа иницијатива, таа на крај не вродила со плод, а како спомен на неа, останат е Мајскиот манифест од 15 мај 1924 година, во кој се изложени програмските определби на тој замислен обединет Македонски револуционерен фронт.

Додека некои тврдат дека Александров во својство на лидер на ВМРО најпрвин се согласил со Манифестот и го потпишал, самиот тој остро го демантирал тоа и го отфрлил наводниот потпис како „комунистичка измислица“. Наскоро, на 31 август 1924, тој ќе биде убиен под неразјаснети околности, а теориите на заговор варираат од тоа дека го убиле соборците, затоа што направил дил со болшевизмот, преку тоа дека го убиле комунистите, затоа што, наводно не дозволил Организацијата да потпадне под советско влијание, се’ до тврдењата дека зад неговото убиство можеби лежи Ванчо Михајлов лично, чиј мотив можеби бил гореспоменатиот потпис или пак личната борба за власт.

Кога Александров е веќе тргнат од сцената, Михајлов седнува на раководната фотеља на ВМРО и започнува со долгогодишна кампања на жесток терор, во кој, како жртви паѓаат и легитимно казнети окупатори на Македонија (како напр. Велимир Прелиќ, убиен од Мара Бунева), но и неистомисленици, како напр. припадниците на конкурентското Протогеровистичко движење, потоа левичари, како и многу автентични Илинденци и воопшто, било кој друг кој би му застанал на патот.

За разлика од претходните брадати или мустаклести водачи на Организацијата во кожуфи и опинци, Михајлов не е „крал на планините“ и нема никаков непосреден контакт со масите, туку е современ, свежо избричен бирократ во беспрекорно сако, акциите ги диригира од канцеларија, а конкретни извршители се млади македонски бегалци од Вардарот или Егејот, кои безработни, гладни и гневни скитаат по Софиските улици, па сходно на тоа и лесно се манипулираат и регрутираат за „каузата“ (ова мора да ви е познато). Со помош на сеењето страв и терор, Организацијата се зацрврстува, нејзините сметки се полнат и со „доброволни“ прилози изрекетирани од бугарските трговци, особено Евреите, што ќе рече, „даноци“ собирани од страна на Михајловата „паралелна држава“, која тој ја воспоставува во Бугарија, а чиј бастион е во Горна Џумаја (денес Благоевград), Пиринска Македонија, каде се базите за тренинг на новопечените терористи и мачилиштата за неподобните.

Организацијата веќе не е ослободителна, туку крајно реакционерна и гангстерска. За оваа нејзина дегенерација сведочи и книгата со ироничен наслов „Комитаџии“ на Албер Лондр, познатиот француски новинар, кој лично го има посетено Балканот во триесеттите години на минатиот век, за на лице место да се запознае со активностите на Михајлов. Додека Лондр, од една страна, покажува висок пиетет спрема Илинденската епопеја, како период на огромна пожртвуваност и идеализам (иако на моменти тоа го прави на нему својствен хумористичен начин), од друга страна пак, Михајловистичката организација тој ја прикажува како најобично бандитско дувло, небаре е сицилијанската мафија Коза Ностра.

Го издвојуваме делот каде Лондр опишува во што се претворила некогаш светата церемонија на заколнување на нови членови, кои како што рековме, главно биле залутани лумпенпролетерски младинци собрани по бегалските сламови на меѓувоена Софија, изманипулирани од михајловистите со бенефиции и ефтин популизам:

Ќе го одведат во улицата „Пиротска“ во некаков дуќан за прехранбени артикли, таму зад тезгето. Да ја подотвориме вратата на тоа светилиште. Во десниот агол на дуќанот има една соба со магацин. На ѕидот стои врамена сликата на Тодор Александров со тијара на главата и со карактеристичните комитски реденици. Во собата има и маса, сета замачкана од сирење и пиво. На неа војводата ги става Евангелието, камата и револверот. Вистинско понижување! Во 1893 година, овој обред се одигрувал во црква и пред свештеник. А сега, ете, се изведува во оваа дупка, а сведок е продавачот на сливи!

Никој не може да избега од раката на Михајлов (односно неговите атентатори), дури ни оние кои спасот го бараат во емиграција. Петре Чауле е убиен во Милано во 1924, следната година пак, во Виенскиот Бургтеатар, при прикажувањето на Ибзеновата претстава „Пер Гинт“, застрелан е Тодор Паница од страна на Менча Карничиу, љубовница и идна сопруга на Ванчо Михајлов.

Неколку месеци подоцна, истотака во Виена, блискиот соработник на убиениот Паница, Димитар Влахов, како контрапункт на Михајловистичката ВМРО, ја формира ВМРО (Обединета). Во неа доминираат комунистите, таа е во блиски врски со БКП на Георги Димитров, Коминтерната и СССР, а во нејзините редови се и последниот гемиџија Павел Шатев, Панко Брашнаров, Методија Шаторов Шарло и др. Многумина од оваа организација, подоцна ќе се вклучат во Народно- ослободителната борба на Македонија и АСНОМ.

Во периодот на Втората светска војна, Михајлов престојува во тогашната фашистичката Независна Држава Хрватска, како гостин на неговиот сојузник, монструозниот усташки поглавник, Анте Павелиќ. Со усташкото движење, како и со Мусолиниевата Италија и Хитлерова Германија, Михајлов стапува во соработка уште во меѓувоениот период, заради наоѓање сојузници за борба против Србија односно Кралството Југославија, Версајскиот поредок во Европа, а од друга страна, и против комунизмот.

Се тврди дека атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј 1934 година, извршен од раката на бугаринот Владо Черноземски, е организиран токму од Михајлов во содејство со усташите (кои подоцна, во 1941 ќе дојдат на власт во Хрватска), а бил нарачан и потпомогнат од германската разузнавачка служба Абвер (Операција „Тевтонски меч“). Инаку, подготовките за ваквите акции, терористите на Михајлов и нивните усташки сојузници, во меѓувоениот период ги вршеле во тајните терористички кампови за обука во Јанка Пуста во Хортиевата Унгарија.

Михајлов е здомен во вила дадена на располагање од Павелиќ во загрепската населба Тушканац, по неколкугодишно селење низ повеќе земји, од причина што по Деветнаесетомајскиот преврат во Бугарија во 1934, нововоспоставената влада на организацијата „Звено“ ги забранува сите партии и движења во земјата, сходно на тоа и ВМРО, особено поради нејзините незауздани терористички кампањи и паралелната власт која ја има востоличено во Пиринска Македонија, при што Михајлов е осуден на смрт и спасот го бара во егзил. Неговите соборци во Бугарија се предаваат на новите власти и организацијата се расформира. Некои тврдат дека леснотијата со која организацијата е разбиена покажува дека можеби нејзината недопирливост била мит и дека всушност се должела на помошта (или толеранцијата) на претходните бугарски власти. По селење низ Турција, Полска и Унгарија, Михајлов доаѓа во НДХ каде престојува од 1941 до 1944 година. Во тој период, поголем дел од Вардарска Македонија, вклучително и неговиот роден крај е под бугарска власт, но Михајлов не се решава да се врати во неа. Причина за таа негова неодлучност е можеби тоа што, наводно, бил задоволен што таа е конечно инкорпорирана во Бугарија, па можеби сметал дека нема потреба од негови понатамошни активности, или пак, можеби бил загрижен за својата лична безбедност, заради претходно изречената смртната казна во Бугарија, која сеуште била на сила? Или пак, можеби преферирал создавање на Автономна Македонија, наспроти бугарската анексија? Збунувачко е неговото менување ставови, од тоа дека Македонија треба да е дел од Бугарија, до тоа дека Македонија треба да е независна, кое тој можеби го прави во зависност од политичката ситуација. Во секој случај, тој својот бугарски етнички идентитет никогаш не го спорел.

контрачетиВо периодот до 9 Септемврискиот преврат во 1944, со кој фашистичка Бугарија капитулира и се става на страната на сојузниците, тој останува во Загреб, при што соработува со Павелиќ и заедничките германски сојузници. Се тврди дека во 1943 година, тој тајно го посетува Берлин, каде се среќава со Хитлер и Химлер заради создавање на негова паравојска, која би соработувала со фашистите во борбата против партизанските единици. Таков вид на вооружени сили, формирани од негови следбеници од редовите на ВМРО се т.н. „контрачети“ во делот на Вардарска Македонија окупирана од Бугарија и т.н. „Охрана“ во деловите на Егејска Македонија, кои биле под германска или италијанска контрола.

Дури по падот на фашистичка Бугарија, во септември 1944, Михајлов конечно доаѓа во Скопје, во обид за создавање на Независна Македонија под германски протекторат (по угледот на Павелиќевата НДХ), сметајќи на контрачетите како јадро за создавање на нејзината армија. Целта на оваа иницијатива можеби била, по падот на Бугарија, да се спречи нејзините поседи во Македонија да се вратат под власта на нему омразениот Белград или, можеби тоа попросто би можело да се протолкува како „Ако не Бугарија, која капитулираше, тогаш барем Независна Македонија“ (во која секако, според Михајлов, би доминирале етничките Бугари). Германците се расположени идејата да се реализира, но по консултации со своите следбеници во Скопје, Михајлов сфаќа дека веќе е доцна. Првото заседание на АСНОМ, на кое е прогласена Македонска држава е веќе одржано, Народно- ослободителното движење е во полн замав, наспроти кое контрачетите претставуваат минорна сила без широка поддршка во народот, советската Црвена армија е веќе во соседна Бугарија, а се бројат и деновите до се’ поизвесната капитулација на самата Хитлерова Германија. Сфаќајќи ја залудноста на целиот проект, Михајлов одмавнува со рака велејќи „Не бива ништо од работава“ по што заминува од Скопје и општо од Македонија и Балканите, каде никогаш повеќе нема да се врати.

По победата над фашизмот, голем број од неговите следбеници во Социјалистичка Република Македонија и Народна Република Бугарија се репресирани како воени злосторници или квислинзи, во некои случаи со, а во некои и без уредно утврдена вина. Во тие бурни повоени собитија, со или без уредна судска постапка страдаат и многу недолжни луѓе етикетирани како „михајловисти“, но од друга страна, во современа демократска Македонија и Бугарија, присутни се тенденции, и оние, кои биле легитимно казнети да се „измолкнат“ како „недолжни жртви на комунистичката репресија“. Така, планираниот „Музеј на жртвите на комунизмот“ во Скопје, може да донесе секакви изненадувања, вклучително и восочни фигури на „недолжни жртви“ од типот на главорези на сопствениот народ и ликвидатори на видни дејци од редовите на самото Македонско ослободително движење. Во повоената македонска комунистичка власт, која ги спроведува овие репресии против разбиената ВМРО на Михајлов, седат и бивши претставници на противничката, ВМРО (Обединета): Павел Шатев, Панко Брашнаров и Димитар Влахов (на сликата во друштво на Ченто, во ослободено Скопје). Некои од тие бивши кадри на ВМРО (Обединета), подоцна и самите ќе настрадаат, или заради несогласување со југословенските власти или заради Информбирото.

Како и да е, по војната, Михајлов безбедно живее во егзил во Рим, каде се бави со публицистичка дејност, во која остро се спротивставува на новата СФР Југославија и создавањето на Македонска нација, а во контакти е и со неговите поддржувачи во емиграцијата во САД, Канада, Австралија и Западна Европа, како например Македонската Патриотическа Организација, избеганите усташи и сл. По демократизацијата на Бугарија, на површина испливаа и доста скандалозни, но сепак непотврдени шпекулации, дека наводно, во даден период, Михајлов соработувал со бугарскиот комунистички Комитет за државна сигурност (?!). Се работи за некогашната тајна служба на НР Бугарија, озлогласена по акциите како напр. убиството на дисидентот Георги Марков во Лондон, со употреба на сега фамозното специјално оружје маскирано како чадор и по тврдењата за вмешаност во атентатот на Папата Јован Павле II во Рим во 1981, извршен од турскиот наемник Мехмет Али Агџа, со цел да се спречи Папската поддршка за полскиот синдикат „Солидарност“. Овој непринципиелен „брак“ помеѓу жестокиот антикомунист Михајлов, од една, и тајните служби на комунистичка Бугарија, од друга страна, се објаснува со тоа дека тие имале заеднички интереси во борбата против „македонизмот“ на СРМ и југословенството. Се тврди дека Михајлов помогнал со своето претходно искуство од борбите против Белград, благодарејќи на кое, се изградила голема мрежа на разузнавачи и терористи на просторите на СРМ, како и во емиграцијата. Дали овие тврдења се засновани, не знаеме, но врбувања од ваков вид не се непознати. Например, поранешни балисти биле ангажирани од тајната служба на Енверовата НСР Албанија, Сигурими, за разузнавачко- саботажна дејност против СФРЈ, на просторите на Косово, западна Македонија и сл.

На 10 септември 1964 година умира сопругата, воедно и верниот соборец на Михајлов, Менча (Мелпомена) Карничиу. Родена е 1900 година во Крушево во влашко семејство, а веќе беше спомната во врска со атентатот врз Тодор Паница во Виена во 1925 година, чие извршување и’ било поставено како услов од страна на Михајлов, за тој да ја земе за жена, што ќе се реализира следната година, откога Карничиу е пуштена од затвор во Австрија заради боледување од туберклоза. Михајлов ја надживува за околу четврт век, тој умира на 5 септември 1990 година на 94 годишна возраст.

Околу година дена пред неговата смрт, Михајлов е интервјуиран во Рим од страна на македонскиот писател и новинар Борис Вишински, кој успева да стигне до него преку Антон Попов, близок соработник на Михајлов, некогашен уредник на весникот „Македонска трибуна“ во САД, во тој момент инаку новинар вработен во Радио Ватикан. Интервјуто, во писмена форма и на бугарски јазик, сега е достапно и на интернет. Подоцна, бугарскиот ТВ водител и новинар од ерменско потекло, Кеворк Кеворкијан, познат по својата емисија „Секоја недела“ на Бугарската национална телевизија, успеа да направи и телевизиско интервју. И во обете, Михајлов ги повторува своите општо познати ставови: бугарско етничко самочувство, непостоење на Македонска нација, анти- југословенство и анти-српство, оправдание за извршените атентати итн.

Пред извесно време, на видео сајтовите на интернет од типот на Youtube и сл., се појавија и видео клипови од ова раритетно интервју. Може да се претпостави дека оттогаш, во Бугарија тоа би требало да е општо познато, барем помеѓу интернет публиката, но останува нејасно дали со ова интервју е запознаена и јавноста во Република Македонија. Материјалот е додуша со доста лош квалитет, веројатно е префрлуван од стари аматерски видео касети, па има доста пречки и во сликата, но и во звукот, кој не е добро синхронизиран. Неформално, низ интернетот се шпекулира дека материјалот во добар изворен квалитет го има самиот Кеворкјан, но наводно, одбива да го даде во јавност со образложение дека тој е носител на авторските права, што можеби се должи на желба за заработка.

Михајлов е за некого негативна, за некого позитивна, во секој случај- контроверзна личност, но како и да е, тој сепак ја тангира и историјата на Република Македонија, па авторот на овие редови смета дека ова интервју би било интересно и за македонската публика, дотолку повеќе што се работи за човек, чија биографија потсетува на возбудлив шпиунски роман или пак, сценарио за холивудски трилер (иако, ќе повториме, тој самиот не бил некој Џејмс Бонд или Индијана Џонс. Имено, како што веќе спомнавме, тој бил канцелариски стаорец к’о Шојиќ и Пантиќ од филмот „Тесна кожа“ и ретко си ги валкал панталоните. Не би знаел дали може евентуално да се направи паралела со Ал Капоне?). Видео клиповите се инаку аплоадирани на интернет од страна на младинската организација на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, така што, да не бидете изненадени од помпезните воведни и одјавни шпици.

 

Одличен текст.

Одличен текст.

Статията е интересна. Но

Статията е интересна. Но мисля, че е напълно погрешно ВМРО и лидерът й да бъдат сравнявани с мафиотска организация. Разликата е очевидна -- при мафията всички нейни акции са подбудени единствено от желанието за лично облагодетелстване на нейните членове, докато при ВМРО единствената цел на организацията е била освобождението на Македония. Не ми е известно Иван Михайлов да е бил лично облагодетестван от една или друга акция на ВМРО. По-скоро е загубил отколкото спечелил - принуден да се крие и живее в нелегалност през по-голямата част от живота си. 

Ovoj Bugarinov se znae deka

Ovoj Bugarinov se znae deka dojde tuka da trese zeleni!  Ima edna VMRO isto kako shto ima edna MAKEDONIJA, sprema toa samo Makedoncite mozhat da se stremat kon osloboduvanje na Makedonija a se drugo e samo duplikat za da se pravat zabuni i unishtuvanje na Makedonija.
Neka ni e streken praznikot i VECHNA SLOBODNA I CELA MAKEDONIJA! :-)

Odlichen text!!! Neveroatno -

Odlichen text!!! Neveroatno - vistinata na Makedonski sait!!!

Низ историјата имало многу

Низ историјата имало многу повеќе ВМРО-а отколку шо сега има сателитски партиичиња шо произлегоа од СДСМ. Вистината сеогаш боли нели...

Vi preporacuam da gi

Vi preporacuam da gi procitate kingite od Ivan Mihajlov, koi za zal ne se prevedeni na makedonski jazik (gi ima samo na bugarski), i eve eden apel do makedonskite izdavacki kukji da ne se plasat da go izdadat tvorestvoto na Mihajlov zatoa sto e od golema istoriska vaznost za Makedonija. Sepak istorijata najdobro se uci od ocevidcite i od ucesnicite, a ne od kvazi-istoricarite od MANU koi seuste gledaat na odredeni licnosti niz komunisticka ideoloska prizma. Neka ni se vecni MAKEDONIJA i VMRO.

Грешка си. Дела на Иван

Грешка си. Дела на Иван Михајлов се веќе преведени во РМ, а има и македонски преводи на нет. За на бугарски ич да не збориме, има сајтови колку сакаш. Кој сака може да побара ќе види, ќе истражи, спореди. А ако си ја читал енциклопедијава на МАНУ, ќе видиш дека описот на Михајлов е доста избалансиран во однос на тоа како беше во минатото. Ти препорачувам да ја провериш, ја има бесплатно онлајн. Сепак тој останува контроверзна личност во РМ, со доста негативни страни кои не може да се негираат. Како ќе ги амнестираш неговите атентати врз стари докажани илинденци, како Хаџи Димов и други, кои рамо до рамо се бореле со Гоце Делчев, тоа навистина не знам. Михајлов не мириснал ни Илинден ни шума а си дал право нив да ги осудува и гони како „предавници“. Епа не е чудо што неговото движење е гонето по ослободувањето. Што си дробел, тоа си сркал. Сум за преиспитување на историјата, ама не и за слепо амнестирање на разни сумњиви фаци ко него

Има многу недоречености во

Има многу недоречености во нашата историја посебно за Ванчо Михајлов. Најинтересен е фактот што кога Бугарија ја окупира Македонија во втората светска војна, В. Михајлов не е поставен на чело на окупираните територии. Наместо тоа тој бега со својата фамилија надвор од Бугарија плашејќи се од ликвидација. Јас мислам дека тој генерално се борел за независна Македонија (или автономна) што не бил план на Бугарската власт во тоа време. 
Тодор Александров е друга контроверзна политичка фигура на ВМРО. На гробот на Тодор Александров пишува “Преку голгота до независна Македонија“. Мислам дека неговиот епитаф кажува се за тоа кои биле неговите идеали и идеи.
Декларирањето дека се Бугари мислам дека во тоа време било неибежно затоа што и двајцата биле премногу зависни од бугарската власт.

Сигурно и през 1990 г. както

Сигурно и през 1990 г. както се вижда от интервюто Иван Михайлов, човек на преклнна възраст и живеещ в Италия, отново е бил премного зависим от българската власт, за да заяви за пореден път, че е българин. Кое му е пречило да каже, че е македонец?

Mnogo dobra statia.Avtorat v

Mnogo dobra statia.Avtorat v maksimalna stepen se e opital obektivno da opishe tazi chast ot istoriata na VMRO i roliata na V.Mihailov. Haresva li se ili ne, toi e ime vav VMRO i za da se razberat i osmisliat mnogo neshta, triabva da se pishe i govori=
Pozdravlenia do avtora.

  Сега, тоа што тој се

 
Сега, тоа што тој се декларирал за „етнички Бугарин од регионот Македонија“ односно Македонски Бугарин, воопшто не е битно, секој упатен знае дека такво самосознание имале речиси сите припадници на Организацијата без разлика на своите леви или десни политички ставови.
Много точно!

да де, на уста декларативно

да де, на уста декларативно биле „бугари“, а што биле во суштина е друг муабет. да те потсетам дека дел од населението на Македонија тогаш било и „грчко“, ме разбираш многу добро. Но подоцна, кај ВМРО Обединета веќе јасно се изградува идеја за македонска нација. затоа тие се придружуваат на НОБ и АСНОМ што сето тоа ќе го официјализира

И тоа го знаеме, после 1934

И тоа го знаеме, после 1934 г. Коминтерната и т.н. Тогава станале Македонци, ама Каомунистите. А па вероватно во душата си дотогава тие се биле Антички Македонци
 

Ванчо е Велик Българин. И

Ванчо е Велик Българин. И србоманските кучета го мразят. А ВМРО на Георги Делчев, Сандански, Дамян Груев, Тодор Александров и Иван Михайлов има толкова общо с АСНОМ и днешна Македония, колкото Ацтекската империя има с Етиопия.  Сънувайте, братя македонци измислените си сънища, щото лошо събуждане Ви се готви - албанците ще Ви оставят и без история и без държава.

Все пак част от българите във

Все пак част от българите във ВМРО станаха комунисти и се подлъгаха като възприеха идеята на Коминтерна за отделен македонски народ, като станаха македонци. После сърбо-комунистите им резнаха главите или ги хвърлиха по концлагерите из Югославия. За справка: Шатев, Брашнаров, Шаторов, Венко Марковски и др. За сърбокомунистите македонец = българофоб. Бившите членове на ВМРО не можаха да се съгласят с това но ги разчистиха набързо. Сегашните мутанти вече даже се антиквизираха.

Ситуацията и всичките

Ситуацията и всичките "контроверзии" около ВМРО са толкова спорни по простата причина , че днешната политическа реалност го налага.
Ако Македония (визирам област) си беше останала на нейното българско население , то днес изобщо нямаше да водим този спор , който е и доста глупав. Егоистично би било обаче тази земя да бъде само на един народ , като в същия момент се пренебрегнат другите. Гърци , албанци , власи и сърби са искали също толкова свободата , колкото и българите. Във всяко едно населено место населението е било толкова смесено , че да се начертае някаква граница между държави е било абсурдно. Ето за това Гоце Делчев и всички мислещи като него се залагат за независима държава Македония , в която преобладаващия елемент да е българския. Идеята на Делчев , Александров и Михайлов е абсолютно еднаква , просто методите са много различни.
Самото ВМРО е имало две организации , вътрешната , която действа в Македония и външната - която действа по света и главно от България. Илинденско-преображенското възстание е организирано главно от външната , като вътрешната не са били съгласни да се пролива още човешка кръв , знаейки , че ако то не успее , какви ще са последиците за тях от идващите турски заптиета. От тук започват и разногласията в тази организация , а по-късно и убийствата.
Днес Македония е разделена на три части:
Българската , където местното население се определя за българско псува своите събратя на запад на фироми и сърбомани.
Гръцката , където местното население не харесва "славофоните" , а още повече вулгарите.
Македонската , където местното население не харесва никого , най-вече татарите.
 
Хайде сега помислете и ми кажете , днешната реалност има ли нещо общо с идеите на Делчев и Александров или това е един сбъднат кошмар?!

Најпрво поздрави до авторот.

Најпрво поздрави до авторот. Мора да кажам дека според мене сите негови досегашни статии се одлични! Иако онаа за Exit највеќе ме  изнасмеа.
Друго ми беше муабетот, искрено ме изненади бројот на странски коментари. Дали тоа значи дека Окно е читано и надвор од Македонија на редовна основа, или пак се должи на некои други (мраааачни) причини? Би било интересно (доколку имате) да споделите таква статистика со нас читателите. Поздрави
 

До Мария

Окно се чете от българи, тъй като има интересни статии.Някои от авторите пищат прекрасни статии, които надхвърлят границите само на Мк., но засягат взаимотношенията на Балканите и по конкретно с България. Мисля ,че тук четох интересни неща и от един млад човек - Анастас Вангели.
Не е приятно да четеш за себе си, че си какъв ли не, че българките се продават за две червени, че българите са най-големите неприятели и т.н.
Статии като горната са ценни и за хората от двете страни на границата. А историята трябва да се препрочете и да се изчисти от идеологемите, като се загърбят емоциите.
Модераторите на сайта могат да направят статистика колко българи влизат в него. Това важи и за други македонски сайтове. Но трябва да знаете, драги македонски братя, че въобще не ни е безразлично това, което се случва в страната ви.И не става въпрос за някакво анексиране, а в чисто човешки план.
Честит празник на именниците!

Македония е Българска и ще

Македония е Българска и ще бъде Българска завинаги

Какво означава българска,

Какво означава българска, приятелю? Има ли значение какви са корените на Самуил, бр. Миладинови, св. Климент Охридски и много много други личности, когато децата в Македония учат в школото, че тези люде са македонци- наследници на великия Александър!!! И теб от малък да те учат, че си татарин, варварин или маймун ще се гледаш в огледалото със съмнения, че може да си такъв! Хубавото е, че всеки интелигентен човек ако иска, може да провери в интернет какво пишат големите енциклопедии за произхода на народа му и да си направи изводите!Всички имат право да се самоопределят, няма лошо, лошото и неприятно е, когато се краде от историята на другите, а очакваш подкрепа! За мен е супер смешно две държави да спорят за името на едната, когато целия свят знае историческата истина! Дейците на ВМРО ще се обърнат в гроба!

Драги браќа Бугари за

Драги браќа Бугари за издвојувањето на македонскиот народ од бугарскиот заслужни(виновни)сте најповеќе вие источните Бугари.Односно генезата на ова лежи во унифицирањето на литературниот Бугарски јазик кога за основа го земате источно бугарскиот диалект,при што станува тешко разбирлив за западното македонско говорно население.Затоа сега најмалку што можите да направите е да не одмагате ако веќе не сте волни да помагате во нашите ЕУ и НАТО интеграци.
ПС.Голема благодарност за помошта што ни ја дадовте во клучните моменти од 91г.-2001г.секој искрен Македонец ова нема да го заборави.

Ей, намери се искрен

Ей, намери се искрен македонец, който да оцени помощта на Б-я към Македония! Това се тълкува като бугарска пропаганда!? Ако ви мислехме лошото нямаше да е така! За езика-не споря не съм специалист-фиолог, може и да си прав, но и при вас има много сръбски диалект. Това сигурно е нормално с оглед 45г. съвместно съжителство! За  ЕС и НАТО ще ви подкрепим най-вероятно! Аз лично допреди 10-15 г. с двете си ръце бях - за! Сега съм много резервиран за нашата подкрепа към вас, защото живея в Б-я и знам какво става при нас, но вашите медии ни изкарват какви ли не и новините наистина са само негативни, настройват хората и от двете страни! Мисля си, че някой има интерес двете страни да са в постоянен конфликт! Смятам въпреки всичко, че ще ви подкрепим, защото трябва стандарта на живот за хората от Македония да се повиши! За името не можем да ви подкрепим, защото не сте прави, учудвам се на учените ви, които се изглагат звучно пред света! Дори това е държавната ви политика!?! Гърците само това и чакат и никой не може да им каже нищо защото са прави! Айде със здраве!

Дошло племе (едно од многуте)

Дошло племе (едно од многуте) од централна Азија во 7 в. на коњи, косооки воини со перчини, ги поробиле доселените Словени на Балканов и сега јас треба да се идентификувам со нив заради фашистот Иван Михаилов и  тие пред него?!? Па кој е овде луд? Словенското население во Бугарија го носи името на својот поробувач па уште го наметнува и наоколу, како што тоа се правело со векови. Учеле преродбениците егзархиско школо и станале Бугари и сега треба по терк на 19 в. да размислуваме? Пред 19 в. ни во Бугарија не знаеле што е Бугарин па Пајсиј морал да објаснува во својата Историја...
Климент Охридски подучувал СЛОВЕНСКИ а не бугарски јазик кој воопшто не е индоевропски, денешниот е словенски исто како денешниот словенски македонски што нема врска со стариот македонски.
И ден денес си постојат оригиналните Болгари во Азија, да се граничеа со балканска Бугарија можеби ќе го спореа името.

Ванчо Михајлов е манипулатор,

Ванчо Михајлов е манипулатор, кога бугарската власт во 30-ти години не му давала пари веднаш запретувал дека ќе ги избрка бугарските даскали од Пиринска Мак. и ќе воведе македонски јазик наместо бугарски, кога добил поддршка се откажал од тоа, значи по потреба знаел да манипулира со македонска национална свест наспроти бугарската исто како и сите ВМРОвци. Впрочем, зашто тие (бугарските војводи и ВМРО) се „конторверзни“ личности за кои мака се мачи да се помакедончат и за кои има спротиставени ставови, додека српските војводи како Бабунски, Крстиќ, Љамев... и целата организација Народна одбрана сите едногласно ги прогласуваат за „лоши“ и „предавници“ или ги игнорираат и нив нема восочни фигури да им прават, кога факт е дека во северозападна Македонија (Азот, Порече, Леуновско, Полог, дел од Прилепско, Каршијак, Жеглиговско...) само тие функционирале и никаков ВМРОвец не смеел ни да припари (Даме Груев едвај куртулил, Петар Поп Арсов со златници го откупил од „својот“ народ)?
Зошто да се апологизираат профашистички Ванчомихајловци од Втора светска војна а Дражиќевите четници (цели два дивизиони во Македонија кои се бореле против фашистите за разлика од контрачетниците) не?

ОкоБоли главаВицФото