1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
На 29 мај (среда) во Галерија МКЦ во 20:30 ч/ ќе се одржи промоција на поетската книга „Влезот е од другата страна“ на Николина Андова, во издание на Темплум.
За книгата ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе читаат Ана Голејшка и Донка Батакоја.
„Раѓањето на зборот е можеби единственото бесшумно раѓање. „Кога зборовите се питомо сонливо бебе“, како што пишува Нина Андова, тогаш сите наоколу можат да потонат во архетипската тишина на поетското присуство. Немирот на спокојството во поезијата на Нина Андова, правта врз стварноста и чистината на сеќавањата се како три врати од еден ѕид, три квадрати од еден прозорец на минливоста. Боговите се преголеми за да влезат низ нив. Во поезијата на Нина Андова, влезот секогаш ќе биде од другата страна, а клучот во раката што пишува.“
Никола Маџиров
Песни од книгата може да прочитате овде, овде и овде.