1010 hPa
45 %
26 °C
Скопје - Пет, 04.10.2024 12:40
Германската национална железница веќе долго време води борба со артистите кои често ја менуваат монотоната слика на изгледот на Deutsche Bahn.
Артистите често исцртуваат и вистински ремек дела, што не наидува на поддршка кај железничарите кои одлучија да употребат нова технологија за да победат во оваа долготрајна „борба“.
„Само во 2012 година се испишани повеќе од 14.000 графити, а за нивно чситење се потрошени 7,6 милиони евра“, стои во соопштението на Deutsche Bahn, со кое се најавуваат нивните беспилотни активности.
Имено, управата на Германски железници одлучи наскоро да започне проект за воведување беспилотни летатала - микродонови - со кои ќе се надгледуваат шините, мостовите и станиците, и ќе се лоцираат луѓе кои испишуваат или цртаат графити. Во моментов траат подготовките за оваа идна активност.
Мини-хеликоптерите на батериски погон можат да останат во воздух 80 минути. Се движат во круг од 40 километри на режим на автоматски пилот, а можат да се опремат со термални или обични камери. Цената на едно вакво парче е 60.000 евра.
Deutsche Bahn ги тестира микродроновите со цел да набави докази кои можат да се употребат на суд против авторите на графитите.
Извор: protest.ba