Промени

24.10.2009 12:23
Роберто Беличанец

Спроведувањето на одредбите против концентрацијата на сопственоста во медиумите ќе се движи со тектонски промени во медиумскиот простор.

Роберто Беличанец, Центар за развој на медиумите

Идиот

Неверојатно е ваква изјава да сум дал. Идиот!
Ваљда ќе резултира со тектонски промени во медиумскиот простор треба да стои!
Лапсус! Само не знам дали е мој! Ова е само доказ дека во секој од нас чучи по еден збркан, зол и глуп негативец кој само чека пригода да ја превземе контролата врз нашето тело :)
Ај сега нешто во ист правец:

Законската рамка во Македонија за спречување на концентрацијата не отстапува од сличните решенија во другите европски земји. Оваа регулативе ќе мора да претрпи измени кои најверојатно ќе одат во правец на овозможување на операторите на куманикациски мрежи (телекоми и кабелски телевизии) да можат да формираат програмски сервиси и во правец на регулација на концентрацијата на медиумите преку пософистицирани механизми како што се нивното влијание во јавното мислење и нивниот удел на пазарите!
Како и да е, македонското законско решение се покажа како лесно за изигрување пред се заради слабоста на институциите задолжени за спроведување на законот. Беше потребно да добиеме сериозни забелешки од Брисел за да се отпочнат врзани процедури на неколку регулатори за да се документира проблемот и потоа да се превземе акција!
Медиумската концентрација како проблем сепак излегува од рамките на Законот за радиодифузија затоа што по дефиниција таа се дели на хоризонтална (радио - телевизија - печатен медиум) и вертикална (печатен медиум - печатница - дистрибуција или ТВ - продукција -систем за пренос ова се само примери).
Проблемот со медиумската концентрација, која произлегува од природниот раст на медиумите, се појавува кога почнува злоупотребата на акумулираната моќ или за нарушување на пазарот или пак за влијание врз публиката за остварување на интерсите на медиумската групација! 
За медиумската војна која деновиве се води околу ова прашање може да се каже само една работа - „Зајакот на магарето му рече ушло„.
Директен производ на монополизирањето на македонскиот печат од страна на ВАЦ, е одговорот на групацијата А1, Време, Шпиц, 1Е и сл.  
Ниту кога се споија „Дневник„, „Утрински„ и „Вест„ се почитуваше законската регулатива. Ниту пак кога се создаваа „Време„ и „Шпиц„ тоа се случи. Напротив, во тој период излегувањето на Време беше изговорот за управата за заштита на конкуренцијата да процени дека нема монопол во печатените изданија!
Лицемерието на државните институции и ситните профити се единствените виновници за состојбата, а долгогодишното непостапување само ги прави соучесници!
 

Роберто Беличанец
www.rb.blog.com.mk