Нов предлог-закон за правење деца!

30.05.2013 13:05
Нов предлог-закон за правење деца!

Скопје, 30 мај 2013

По контроверзниот предлог закон за абортус, власта се подготвува да донесе и нов закон за правење деца, дознаваат Пара вести од извори блиски до Министерството полови односи.

Законот кој треба да се донесе по скратена постапка, предвидува дека одобрение за правење деца мора да издаде првостепената комисија, која исто така задолжително ќе присуствува на чинот на оплодување.

Освен деветчлената комисија составена од членови на владејачката партија, на сексуалниот чин мора да присуствуваат и татковците или најстарите живи машки роднини на брачните партнери, соседите кои живеат во радиус од 70 метри, швалерот и швалерката на сопружниците (доколку ги имаат), претставник од МПЦ или ИВЗ и најмалку двајца новинари од медиум со национална концесија.

За да се изврши чинот на оплодување, неопходна е писмена согласност од машкиот партнер заверена на нотар, а истиот документ не е задолжителен за жената.

Ако брачните партнери сакаат да имаат сексуален однос во неплодни денови или без намера да создадат нов живот, мораат да добијат одобрение со посебен указ од премиерот и задолжително да користат презерватив со портокалова боја од марката Груекс.

„Членовите на законот кој сè уште е во изработка се составувани според желбите на граѓаните. Во соработка со јасновитката Плодородија Рождественска дојдовме до прецизни податоци за сексуалните афинитети и семејните планови на мнозинството граѓани“, изјави портпаролот на Министерството за полови односи, Пиздимир Матковски.

Според сознанијата на Пара вести, реакцијата на новиот најавен закон кај мнозинството македонски граѓани е позитивна. Неофицијално, најголемо задоволство кај младите брачни партнери предизвикал членот 9.536 кој одредува широка временска рамка за предигра при оплодувачкиот чин, која може да трае и до 30 минути.

За сега, единствено останува непозната музиката која ќе оди како позадина додека брачните партнери имаат сексуално-оплодувачки однос и дали таа ќе биде изведувана во живо или не. Се шпекулира дека оплодувањето ќе се врши во голема сала специјално изградена за таа намена, каде ансамблот ТАНЕЦ или Македонската филхармонија ќе свират песни што ќе ги предизвикаат родителските пориви кај сопружниците, но таквите информации сè уште не се потврдени.

Слика: Гери Геј