10 најпознати винтиџ фризури

30.05.2013 14:57
10 најпознати винтиџ фризури

Во прилог можете да ги погледнете најпознатите винтиџ фризури кои и денес се популарни ширум светот.

1. Луизa Брукс
Луизa, која е позната по својата популарна боб-фризура, била танчерка и актерка во 1920-те. Денес, боб-фризурата е прогласена за најпопуларната фризура на сите времиња. Мора да се напомене и дека Луиз Брукс е делумно заслужна за тоа. Нејзината остро обликувана коса со темночоколадна боја е класичен пример за боб-фризурата која и денес има многу следбеници.


2. Миа Фароу
Оваа американска убавица се прослави со улогата во „Бебето на Розмари“, но нејзината легендарна кусо потшишана руса коса ги освои сите. Миа, вистинска старлета од 1960-те ги скратила своите руси локни непосредно пред нејзиниот контроверзен брак со многу постариот Френк Синатра. Оттогаш многу стилисти се обиделе и сè уште се обидуваат да ја доловат токму нејзината фризура.



3. Одри Хепберн
Нејзиниот лик е дел од многубројни, сега веќе историски филмски сцени, а во нејзиното време била позната по најдобрите фризури. Нејзиното крушковидно лице со посебно истакнатите јаболчици дозволувало да се ескпериментира со многубројни фризури кои и денес се паметат и кои во голема мера ги одредуваат и денешните фризури на црвените килими. Со шик и класичен изглед, оваа актерка ќе остане запаметена по собирањето на нејзината коса во пунџа на врвот на главата – фризура која со години ја имитираа милиони жени ширум светот.



4. Мерлин Монро
Најпозната актерка од 50-те, со нејзините впечатливи облини и русите кадрици, покажа дека мажите навистина повеќе ги сакаат русокосите. Таа многу често беше симбол на „смотаната русокоса“, но тоа служеше само за да и обезбеди статус на филмска ѕвезда и да ја смести во салата на познатите фризури. Нејзината коса најчесто беше кратка и руса, со обликувани локни, но на никому не му се здосади нејзиниот стил.




5. Брижит Бардо
Оваа некогашна балерина која стана една неверојатно позната авторка, а денес е активист кој се бори за правата на животните, сè уште предизвикува сензации, а нејзината долга руса коса стана нејзиниот заштитен знак. Нејзините единствени ривали се модните салони кои го со своите опции за ставање додатоци на косата привлекуваат голем број девојки.



6. Рита Хeјворт
Рита Хејворт им овозможи на црвенокосите да станат симбол на гламурот. Нејзината винтиџ елеганција живее и денес. Таа често пати го трансформираше својот изглед, менувајќи ја боб-фризурата со гламурозната црвена коса, за потоа да ја обои својата коса во русо. Но откако се заљуби во нејзиниот претходен црвенокос имиџ, му остана верна, покажувајќи дека и косите со средна должина изгледаат прекрасно.



7. Елизабет Тејлор
Елизабет со својата кадрава боб-фризура која навидум не се разликува многу од онаа на Мерлин, е сведок за тоа дека темночоколадната боја никогаш не го губи својот шарм, а посебно се истакнува во нејзините модни комбинации – пар дијамантски обетки и црвени усни.



8. Грејс Кели
Најомилената принцеза се прослави со нејзиниот класичен изглед, кој и денес е присутен во многубројни винтиџ бутици. Нејзината коса, фатена наназад во раскошна пунџа беше дефиниција за совршенство. За разлика од Мерлин, таа никогаш не беше сметана за „смотана русокоса“, туку за олицетворение на благородништвото.



9. Твиги
Слабата старлета со андрогин изглед од 60-те е исто толку позната денес како и пред 40 години. Оваа британска манекенка која беше позната по своите долги трепки, големите очи и тенката става беше еден од најпознатите модели на своето време. Нејзината долга боб-фризура со страничните прамени кои често ги сместуваше позади ушите со своите пепелкави тонови и денес е имитирана од страна на многу филмски ѕвезди и манекенки.



10. Фара Фосет
Фара секако не е класична модна икона, но нејзиниот хипи изглед со долгата кадрава руса коса кој беше карактеристичен за 70-те е исто толку легендарен колку и нејзината улога во „Чарлиевите ангели“.

Извор: queensofvintage.com

ОкоБоли главаВицФото