Олимпијадата во Сочи е „монструозна измама“?

01.06.2013 09:48
Олимпијадата во Сочи е „монструозна измама“?

Борис Немцов и Леонид Мартинјук тврдат дека олимписките игри се „монструозна измама“ и дека ќе бидат најскапи во историјата, со цена повисока од 50 милијарди долари, пренесува Би Би Си.

Недостигот од фер конкуренција и tајноста која ги опкружуваше подготовките ги зголемија трошоците за олимпијадата, пружајќи им корист само на тајкуните блиски до претседателот Владимир Путин, наведуваат тие во извештајот.

Немцов, поранешен заменик премиер и Мартинјук, член на движењето Солидарност, во четврток објавија извештај откако со месеци ги анализираa податоците поврзани со oлимпијадата.

Авторите тврдат дека дошле до своите заклучоци анализирајќи го јазот меѓу првобитните процени на трошоците и конечните цени на игрите, и споредувајќи ги нивните трошоци со цените на претходните олимпијади.

„Трошоците за олимписките игри во Сочи излегоа повисоки од сите 21 зимски олимпијади заедно“, се наведува во извештајот.

Исто така, Немцов и Мартинјук велат дека „се украдени помеѓу 25 и 30 милијарди долари“ и дека од тоа имале корист само олигарсите и компаниите блиски до Путин.

Опозициските челници тврдат дека се украдени и средства кои би можеле да се искористат за изградба на околу 3.000 километри супербрзи автопатишта или станбено да се згрижат 800.000 луѓе во Русија.

Тие велат дека конечните трошоци за спортскиот настан ќе бидат четири пати поголеми од почетната цифра од 12 милијарди долари која ја објави Путин.

Ројтерс пренесува дека Немцов сега ќе инсистира на ригорозна истрага за оваа афера кај руските обвинители.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото