1007 hPa
37 %
29 °C
Скопје - Пон, 11.05.2026 19:59

Скопје, 3 јуни 2013
18-годишниот Гане Зелеников од Скопје поднесол тужба против својата мајка, затоа што во петокот навечер, во кафулето Хорс, во пијачката не ја пронашол дрогата која ја очекувал.
Пред да излезе, неговата мајка повеќе пати го предупредила дека ноќниот живот е лоша идеја, затоа што во секое кафуле или ноќен клуб, без исклучок, келнерите ставаат одреден вид дрога во пијачката. Но, примерот на Зелеников покажува дека кај секое правило има и исклучок.
„Кај мојот клиент е забележана значителна вознемиреност, стрес и душевно растојство, предизвикано од лажното предупредување/ветување на мајката. Освен тоа, тој имал и неочекувани трошоци, бидејќи сам морал да си ја набави дрогата за која сметал дека гарантирано оди со пијачката“, изјави адвокатот на оштетениот тинејџер, Дилер Билковски, за Пара вести.
Ако судот ја прогласи мајката за виновна, таа ќе мора да му плати на синот 15.000 евра или да му набави 70 пијачки кои во составот имаат одреден вид дрога.