Минијатурни библиотеки на кои е тешко да се одолее

04.06.2013 09:29
Минијатурни библиотеки на кои е тешко да се одолее

Little Free Library е инсталација во јавниот простор на неколку локации во Њујорк, која на минувачите им нуди прилика одненадеж да откријат и да прочитаат некоја книга. Граѓаните се повикани да позајмат книга од минијатурната библиотека, а единствена обврска им е да ја вратат, или наместо позајмената да остават некоја друга, своја книга, за оваа библиотека да остане жива и динамична.

Сместени на Менхетен, овие најмали библиотеки се направени од пластика, за книгите да бидат заштитени, а стојат на мали дрвени столбови. Идејата ја потпишуваат Архитектонската Лига на Њујорк и фестивалот Pen World Voices, со цел враќање на њујорчаните кон старите добри книги.

Овие неколку библиотеки ќе им бидат на располагање на граѓаните и посетителите на Њујорк до 1 септември 2013. Подолу може да погледате како тие изгледаат.

Извор: www.stereotank.com

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото