Архитектите против барокизацијата на ГТЦ!

04.06.2013 14:39
Архитектите против барокизацијата на ГТЦ!

Асоцијацијата на Архитекти на Македонија за вечерва во 19:00 часот упати повик за средба во нивните простории, поради, како што посочуваат, потребата од реакција на предложената интервенција на Градскиот Трговски Центар.

Средбата ќе се одржи вечрва во 19:00 часот во канцеларијата на ААМ, во центарот на Скопје. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска, појаснува дека се добредојдени сите кои се засегнати со намерата Градскиот Трговски Центар да се претвори во барок здание и дека сите идеји се добредојдени.

Авторот на ГТЦ, остави аманет неговото дело и репрезентативен објект, Градскиот Трговски Центар да не се менува. Против барокниот изглед на ГТЦ се и дуќанџиите кои се сигурни дека затворањето на трговскиот центар кој сега има улога и на премин од едната на друга страна, ќе го намали прометот.

Освен ГТЦ, во барок стил е планирано да се фасадираат и кулите кои се во склоп на трговскиот центар. Дел од станарите веќе реагираа дека не сакаат статуи на покривот на висококатниците.

Извор: Либертас

Слични содржини

Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори / Став
Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото