1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 03:59
Ќе се покриеме со портокалов мрак.
По шумите почна големиот колеж.
Не ќе има листе за лулка на лунениот зрак.
Ќелавата планета ќе е најпесочно поле.
Попусто пресувите стебла со секој час
ќе подаваат голи раце кон непочитаниот Закон.
Крцкотот на соголеноста ќе е само глас
што ќе ни допре до слухот заспан млако.
И почна, ви велам, големиот сек.
Зелено ќе нема. Пепелав сè ќе е думан.
Ќе мине ли в неврат само еден век
за да прашуваме што беше тоа шума?
И почна. Не ќе има ни смоквин лист.
Планетата гола да заприлега на библиска Ева.
На Земјата ѝ помагавме да одигра стрип-тиз
додека плачот добога ѝ се кревал.
Песната е преземена од книгата „Евангелие по Итар Пејо“, Македонска книга, 1969 г.
Слика: Мајк Ројал