Славој Жижек ги поддржува протестите во Турција

05.06.2013 12:26
Славој Жижек ги поддржува протестите во Турција

„Иако започнаа како скромен локален бунт за заштитата на еден парк во центарот на Истанбул од комерцијално уништување, актуелните протести во Турција очигледно упатуваат кон многу подлабоки проблеми. Самиот факт дека протестите избувнаа во оваа мера во една држава која во светски рамки се доживува како модел на „умерен исламизам“ со економија која сега го доживува својот врв, укажува на причината за појавата на проблемот: комбинацијата од разорувачката неолиберална економија и религиозно-националистичкиот авторитаризам. Има само една жртва од овие два процеса: независното граѓанско општетство со својот дух на солидарност и културна толеранција, кој всушност ја формира основата на етичкото здравје на нацијата. На тој начин, овие протетсти се доказ за тоа дека слободниот пазар не подразбира и социјална слобода, туку може и сосема добро да функционира во рамките на авторитарните политики. Токму затоа и овие протетсти се дел од истиот глобален бунт кој ги разнишува основите на востановениот поредок ширум светот. Сите оние кои се грижат за слободата и еманципацијата би требало да му кажат на турскиот народ: добредојдовте! Сите сме сега дел од истата глобална борба! Шпанија, Шведска, Грција, Турција... само ако се бориме заедно имаме шанса за успех!“




Извор: subversivefestival.com/advance.hr

ОкоБоли главаВицФото