Како се крадеше градот од граѓаните

05.06.2013 20:56
Како се крадеше градот од граѓаните

Локација 1: Шеталиште-Магистрален пат

Со одлука на совет на општина Струга бр. 07-4070/6 од 28.07.2006 година ова шеталиште е преименувано во магистрална улица. Намерата, како што се гледа и денес, не е изградба на улицата туку создавање услови за градежни интервенции околу патот кој не случајно минува покрај целото струшко крајбрежје како атратктивен дел од земјижтето во атарот на општина Струга.

Локација 2: Забавно рекреативен центар- Зградиште

Овој објект, порано познат како „стара стружанка" имаше градежна маркица за забавно-рекреативна содржина. По продажбата на имотот се изгради четири пати поголем објект со содржина за деловни простории и индивидуално вдомување. Сè до 2007 година се водеше како нелегален објект но во годините што доаѓаа приликите се менува, а со тоа и објектот се повеќе се легализираше. Последна фаза од легализацијата на овој објект се случува во 2011 година со стапување во сила на законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Локација 3-7: Струшко крајбрежје (Национално богатство или ничија земја)

Обидите за „освојување" на крајбрежјето датираат уште од 2004 година. Главни „борци" Министерството за транспорт и врски и Општина Струга, кои претендираа кон зголемување на влијанието и уделот во управување со земјиште. Како институција со поголеми ингеренции, на крај „победува" Министерството. Но првичниот впечаток на граѓаните за тоа дека министерството се борело за воведување ред, контрола и заштита на крајбрежјето се потврдија како неточни. Се покажа дека единствена цел била кој ќе го има „главниот збор" во тргување со овој дел од националното богатство. И така денес сме сведоци на цврсти градби од по 400 м2 кои се водат како краткорочен закуп на плажи, чии концесионери се надеваат дека краткорочниот ќе се замени со долгорочен закуп, што го прави еднаков на приватна сопственост.

Локација 8-10: МЈП „Проаква", Затворен Базен, Фабрика „Стружанка"

Потврда за поседување на „Апетит за самоуништување".

ОкоБоли главаВицФото