Промовиран сајтот „Пријави полициско насилство“

06.06.2013 12:25
Промовиран сајтот „Пријави полициски насилство“

На денешниот протест против полициска бруталност, по повод двегодишнината од убиството на Мартин Нешковски, беше промовирана и интернет страницата Пријави полициско насилство, креирана од страна на Движењето „Стоп на полициската бруталност“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ како граѓански одговор на зачестената појава на полициски злоупотреби.

„Потребата од ваков портал се должи на непостоење на официјална државна статистика за полициското насилство, како и интересот на Министерството за внатрешни работи за прикривање на кривични дела и инциденти кои се сторени од страна на полициски службеници“, велат креаторите.

Основна цел на Пријави полициско насилство е на граѓаните да им овозможи пријавување на инцидентите и кривичните дела кои се сторени од страна на полициски службеници. Страницата ќе им овозможи на корисниците да ги прегледаат веќе доставените пријави, категоризирани по посебни кривични дела. Главната цел на овој сајт е подигнување на свесноста на граѓаните за кривичните дела и инцидентите во кои како сторители се јавуваат полицајци, што пак ќе помогне во спречувањето на сторување на вакви кривични дела и инциденти во иднина и подобрување на односот на полицијата кон граѓаните.

Извор: Либертас

ОкоБоли главаВицФото