Новите скопски разгледници

26.10.2009 16:09
promocija-razglednici.jpg

Драги пријатели,
Окно ви ги претставува новите скопски разгледници!
Четврток 29ти Октомври / културен центар Точка / почеток 21h.

Ве покануваме на промоцијата на шестте наградени труда од конкурсот за разгледници кој го распиша ОКНО. На конкурсот учествуваа 21 автор со над 70 графички решенија со мотив плоштад “Македонија”. Во оваа прилика ќе ги претставиме шестте наградени труда, а за гостите на промоцијата ќе следува подарок, комплет разгледници.