Темната страна на Олимпијадата во Сочи

10.06.2013 11:29
Темната страна на Олимпијадата во Сочи

Точно една година пред долгоочекуваните олимписки игри, Владимир Путин лично отиде во Сочи за да види како напредуваат градежните работи. Откако доби извештај во кој се вели дека ски-скокалниците кои требало да бидат готови во 2011 сè уште не се завршени, а нивната цена вртоглаво се зголемила од 1,2 на 8 милијарди, иронично искоментирал: „Одлично. Одлично сработено“. Потоа го отпуштил заменик претседателот на Олимпискиот комитет.

Рускиот уметник Василиј Слонов го наслика своето видување на претстојните олимписки игри, давајќи нова интерпретација на руската омилена маскота Чебурашка, комбинирајќи ги официјално прифатените стереотипи за Русија со оние кои се погруби и помалку прифатени.

Извор: ruskie.info

ОкоБоли главаВицФото