Параноичен комарец верува дека го прскаат со отрови од авион

10.06.2013 12:04
Параноичен комарец верува дека го прскаат со отрови од авион

Скопје, 10 јуни 2013

Комарецот по име Влатко, кој живее во населбата Аеродром во зграда на кејот на реката Вардар е убеден дека него и неговото семејство веќе со денови го прскаат со отрови од авионите кои со денови го надлетуваат реонот околу реката.

Овој комарец, кого друштвото го вика Влатко Драма, својата храбра теорија за непријателските авиони ја изнесе откако, како што вели, со денови не се чувствува добро.

„Штом дојде потопло време, почнуваат да нè надлетуваат злосторничките авиони. Трагите кои ги оставаат на небото се јасен доказ дека нè прскаат со сè и сешто, а последиците од вдишување на тие отрови се движат од вртоглавица до ненадејна смт. Знам многу другари кои не се вратија од местата каде што оперираа. Поради прскањето со отрови, насекаде по грмушките се појавија и некакви пајажини. Гледав лично како еден мој другар се заплетка во една од нив и потоа исчезна“, изјави Влатко за Пара вести.

Неговиот другар од детството, Миле Боцка, тврди дека Влатко малку претерува кога го спомнува прскањето со отрови и смета дека станува збор за редовна одбрана од комарци.

„Еднаш ми рече дека се сомнева дека од тие авиони фрлаат јајца од луѓе кои потоа се размножуваат, растат и нè убиваат со дланките и со списанија. Не сум баш сигурен во тоа, иако би можел да ја прифатам тезата дека тие луѓе се генетски модифицирани, бидејќи сè посилно нè удираат со влечките“, заклучува другарот на комарецот Влатко.

Извор: www.njuz.net