За „спонтаните“ протести пред Општина Центар

10.06.2013 12:23
За „спонтаните“ протести пред Општина Центар

Освен неколку заблудени верници на кои очигледно не им се јасни базични постулати на верата за која се „борат“ штом делуваат како во петокот, останатите од присутните на протестите се собран народ со партиски книшки кој не знаеше зошто е таму, туку само извршуваше партиска директива како лоботомирано стадо.

Доколку методот да создадат притисок и опструкции врз Жерновски и функционирањето на општината би можел да биде со групи на атеисти/про-абуртус/про геј бракови или што и да е, ќе им наредеа на луѓето да дивеат во име на која и „кауза“ да конвинира во моментот.

Затоа сметам дека навлегувањето во дискусии за „конзервативци“ версус „либерали“, верници vs. атеисти итн. нè оддалечува повторно од посочувањето на проблемот кој упорно се провлекува – вулгарната партизација на државата, иницирана во најголем дел од очајната состојба и неуспешното владеење на власта поради која луѓето се проституираат во најгруба смисла на зборот и стануваат бедни марионети како оние во петокот.

П.С. Гледам дека веќе следниот ден се заборави на протестите. А, сè додека така лесно забораваме ова нема да има крај и власта ќе биде само уште посамоуверена во својата манипулација и насилие.

via@Inna_E