Овде миленичињата се добредојдени

11.06.2013 09:14
Овде миленичињата се добредојдени

Кампањата „Домашните миленичиња се добредојдени“, чија цел е означување на угостителските објекти во кои е дозволен влезот за домашните миленици, деновиве ќе биде претставена во Белград.

Сите белградски локали се повикани да учествуваат во акцијата, со едноставно истакнување на посебни налепници на влезот од објектот, за да им дадат до знаење на сопствениците дека и нивните животни се драги гости.

На налепниците, во розово срце, се препознаваат контури на мачка и куче, а сите заинтересирани сопственици на локали својот бесплатен примерок ќе може да го добијат на промотивната акција на 12 јуни.

Белградската акција ја покрена друштвoто на љубители на мачки Le PETit, со цел потсетување на своите сограѓани дека домашните миленици во локалите се вообичаена глетка во многу градови ширум светот.

Белград се придружи на тој обичај во 2011 година, со усвојување на комуналната одлука со која е овозможено влегување на милениците во продавниците, рестораните и кафулињата.

Извор: radiosarajevo.ba