Го сакам ГТЦ!

11.06.2013 09:43
Го сакам ГТЦ!

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните на заедничка акција за поддршка на идејата за зачувување на карактерот и духот на Градскиот трговски центар.

-ГТЦ мора да остане отворен, проточен за пешачко движење, функционален, автентичен, градски...

-ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот на Скопје, градителско, историско културно наследство.

-Секоја несоодветна промена на ГТЦ е сквернавење и на нашите спомени и лични истории

-Имаме заедничка одговорност за она што го оставаме на идните генерации.

Дојдете да ја потпишеме петицијата, јавно да проговориме за ГТЦ и симболично да го гушнеме!

Петок//14.06.2013//западен влез на ГТЦ (од плоштад „Македонија“)

10:00 - 19:00 собирање потписи
18:00 - јавно говорење
19:00 - гушкање на ГТЦ

Настанот е инициран од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а е поддржан од многу професионалци и здруженија од релевантни области и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ.

facebook page: Асоцијација на архитекти на Македонија

twitter: #ГТЦ

Слични содржини

Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори / Став
Јавни простори
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото