Бегалска

12.06.2013 07:44
Бегалска

Конечно привид на слобода
Сопствениците на станот отпатуваа на викенд
да се одморат
Ќе ручаме сами
Во фрижидерот се лади конзерва
со упатства за подготовка
на нам непознат јазик
Јаженцето е слободно
можеме да ги закачиме алиштата или...
Јаженцето е впрочем понекогаш слободно
Поседуваме жолти картони можеме да отпатуваме
во другиот дел од градот во Максимир на пример
и да гледаме како се хранат животните
За вечера имаме лоши вести од татковината
и млеко во прав
Можеби ќе биде подобро од вчера
Вчера не јадевме воопшто
зашто полицијата го проверуваше нашиот идентитет
и строго нè прекори
Не е важно што сте Хрвати
вие сте во туѓа земја
И не смеете толку често да викате полиција
заради државјанството
Имаме решение велиме
мислејќи на јаженцето
Тие си заминуваат
Млекото во прав се згрутчило од влага
Не е важно
Понекогаш е здраво да се прескокне вечерата.

Превод: Иван Шопов
Слика: Марко Сивиери

ОкоБоли главаВицФото