Фестивал УФО 2

12.06.2013 09:43
Фестивал УФО 2

Во периодот од 14 до 16 јуни, во Охрид, во организација на Центарот за Културен Проток „АРТерија“, по втор пат ќе се одржи фестивалот УФО 2.

Благодарение на соработката со Центарот за Култура „Григор Прличев“, оваа година „АРТерија“ има чест да ја отвори летната кино бавча.

Во текот на три дена ќе се одвиваат повеќе видови на уметничко културни настани.

Програмата опфаќа: цртање графити, проекција на филмови, инсталации, перформанси, изложби, рецитали, музика, работилници.

Ќе учествуваат млади уметници од државава од различни уметнички профили, како и учесници од многу други земји од Европа, студенти на ФАМУ.

За филмските проекции направена е соработка со Антонио Вељаноски - студент на Филмскиот и ТВ Факултет на Академијата за сценски уметности во Прага – ФАМУ, во чија селекција ќе бидат прикажани филмови од студентите при ФАМУ, како и последното филмско остварување на Иво Трајков.

-ГРАФИТИ (Зоран Мише & Ива Димитрова, Илија Demo Богданоски & Незир ZiRo Kеримоски)

-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС (Александра Поповска)

-ИЗЛОЖБА НА ДИЗАЈНЕРСКИ НАКИТ ( Александра Шекутковска, Елена Ристовска, Ивана Наумоска Глухаич, Марта Пејоска)

-ИЗЛОЖБА (Ѓорѓи Крстевски, Јован Куциноски)

-РАБОТИЛНИЦА ОРИГАМИ (Наташа Алексиќ -Едукативен Центар „Global house“ - Охрид)

-ФИЛМОВИ
*(Георги Унковски, Лукаш Кокеш, Арамисова, Милена Станишлевиќ, Матеј Поспишил, Фиона Циклер, Зузана Кирхерова - Шпидлова, Матуш Визар, Криштоф Јанковец, Либор Пикса, Наум Михајловски, Тијана Петковска, Мартин Мај, Иван Ивановски, Томаш Елшик)
*Иво Трајков - „90 минути Берлин- проект“

-МУЗИКА
* Нино Флудер – Диџеј – сет
* Promocija & DJ Performance DREAMFIX

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/183178051842657/

Видео најава: http://www.youtube.com/watch?v=n0_CMAIbrSc

Детална програма: http://www.scribd.com/doc/146842086/UFO-2-Programa

Слични содржини

Квир / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото