1027 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 20:59
Скопје, 12 јуни 2013
Членовите на експлоататорската комора на Македонија на вчерашната средба беа едногласни во барањето властите да им овозможат законска основа за пробниот период на работниците да трае доживотно, наместо определен број месеци.
Од владата најавија дека ќе го разгледаат барањето на експлоататорите, за кое начелно рекоа дека е прифатливо, како во приватниот сектор, така и во државната администрација.
„Склучувањето договори на неопределено време може да предизвика проблеми и да ги оптовари работниците со непотребни права. Исто така, ќе го направи потешко вршењето мобинг, уценувањето и малтретирањето на работниците од страна на шефовите, што е значаен издувен вентил за надредените, кој им помага при работењето“, изјави првиот човек на експлоататорите, Робо Владетел.
Редакцијата на Пара вести се обиде да побара мислење од неколку аналитичари, но сите експерти со кои стапивме во контакт одбија да разговараат, сметајќи дека е непотребно да се губи време за ирелевантно прашање како што е состојбата на работничките права, затоа што во Македонија и онака работат сè помалку луѓе.
Слика: Естер Ен Вилхелм