Зошто ги мразиме педерите

14.06.2013 10:35
Зошто ги мразиме педерите

Добив писмо од еден деветнаесестгодишен хомосексуалец кој на мене нормалната ми објаснува колку му е тежок животот. Во Хрватска, земја католичка, во која педерите претставуваат 0,00005 проценти од населението, да се биде педер и не е некоја среќа. Мораш до смрт да ја криеш својата перверзна склоност или да се убиеш. Голем број од педерите и го прават тоа, што секако ги усреќува нивните нормални роднини.

Во животот на несреќниов млад човек кој мисли дека јас го разбирам, сепак постои нешто што повремено му ја ублажува депресијата. На светов живее некој Роби Роџерс, никогаш не сум слушнала за него, но не сакав ни да го гуглам – како што некој мрази педери, така и јас не ги сакам фудбалерите... Значи, тој Роби Роџерс излегол од орманот, се аутирал и никој не е посреќен од него.

Има 26 години, ужива во животот и фудбалот, на Твитер го следат 100.000 луѓе. Значи, си мисли дечково, има надеж за педерите. Има ли? Нема. Денес во повеќето од земјите педерите се немоќно малцинство, а дел од човековата природа е да ги уништува немоќните. Парадите кои се одвиваат под контрола на војската и полицијата нема многу да им помогнат. Тие најмногу служат за промоција на моќниците кои на овој начин се осигуруваат дека никој нема да им ја искрши главата со камен. Да мислеа дека за тоа постои и најмала шанса, Пусиќ не би отишла на парадата во Сплит, а Милановиќ не би парадирала во Загреб.

Со одењето во педерската колона двете дами и новиот сплитски градоначалник само ќе покажат дека се во тренд. Цивилизираниот свет ги сака педерите, ние сме цивилизирани. Никој од „нормалните“ всушност и не ги сака педерите, но не затоа што се поинакви, туку затоа што се немоќни. Кој би го следел на Твитер оној Роџерс да беше само педер? Веројатно од него би се откажала и неговата родена мајка. Но Роби има статус, пари, моќ, затоа смее да биде педер.

Немоќните и сиромашните педери мораат да се кријат. Пред сиромашните нормални, бидејќи тие се мнозинство, а ако се мнозинство, си имаат свои радости, им ги кршат главите на педерите, ги претепуваат, им ги копаат очите. Мачењето на немоќните е она што нè прави човечки суштества. Затоа за педерите, без разлика на нивните паради, и нема надеж.

Нивното време би дошло кога богатите и моќните педери би завладеале со светот. Тогаш ние нормалните би можеле да разбереме како денес се чувствуваат педерите, затоа што тие тогаш би ни ги заебале нашите животи. И педерите се луѓе. Дали ги сакам педерите? Не. Сакав еден педер, со сето срце, тој умре во Амстердам затоа што не му беше местото овде. А и зошто би ги сакала педерите? Сите педери?

Дали ги разбирам? Ги разбирам колку што можам со оглед на мојата повластена положба. Дали ги жалам? Секако. Дали ми е драго што не сум педер и што никој од моите не е? Одушевена сум затоа што во моето семејство нема ниеден, а ако ги има, нека продолжат вешто да глумат и понатаму. Истото го мислат и моите пријатели. Меѓутоа и не ни е некој проблем повремено да се прошетаме во некоја добро обезбедена колона, да мавтаме со знамето со боите на виножитото, за подоцна да зборуваме за тоа.

Ако денес сакаш луѓето да те сметаат за цивилизиран, мораш секој ден да се тушираш и да си ја менуваш долната облека, да ги миеш рацете пред јадење и после секое празнење на телото и да викаш дека ги сакаш педерите. Кој од нас навистина секој ден си ги мие рацете пред јадење и после секое празнење на телото? Да не почнуваме за туширањето.

Извор: rudan.info