Коце ќе има секс со Триумфалната порта

14.06.2013 10:55
Коце ќе има секс со Триумфалната порта

За да покаже дека го сака градот повеќе од граѓаните што го гушкаат ГТЦ, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најави дека ќе има сексуален однос со Триумфалната порта.

Трајановски изјави дека дошол до оваа идеја поттикнат од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и сфатил дека нежностите помеѓу граѓаните и јавните објекти можат да се разменуваат на едно понапредно ниво.

„Позитивниот пристап е многу важен. Наместо да испратиме тепачи и контрапротестанти, како во случајот со студентите и црквата (сега блажено преместена), решивме дека треба да се води љубов со Порта Македонија, или народски кажано, да се онадиме“, изјави Трајановски за Пара вести.

На прашањето дали евентуално би разменил нежности од сличен вид и со ГТЦ, градоначалникот рече дека размислувал на темата, но дека тоа ќе биде можно само по барокната преобразба на објектот.

„Секс да, но само откако ќе го направиме Градскиот трговски центар уште постар и поубав“, нагласи Коце Трајановски.

Исто така, градскиот очув изрази надеж дека ебењето на јавниот простор ќе стане традиција и ќе се случува и во другите македонски градови.

ОкоБоли главаВицФото