Истражување: намалениот број велосипедисти на улиците им го спасил животот на многу велосипедисти

15.06.2013 13:30
Истражување: намалениот број велосипедисти на улиците им го спасил животот на многу велосипедисти

Скопје, 15 јуни 2013

Според најновото истражување на Институтот за велосипеди од Македонска Каменица, малиот број велосипеди на улиците е главен фактор кој влијае на должината на животот на велосипедистите. Од овој институт велат дека бројот на настрадани велосипедисти би бил „многу, многу поголем во ситуација кога би ги имало многу, многу повеќе на улиците“.

„Од овој пример убаво се гледа дека велосипедистите имаат силен порив и инстинкт за самоодржување, и дека поради тоа на улица излегуваат или пеш, или со автомобил, или со градски превоз, и со тоа го продолжуваат животот на својот вид. Јас и самата сум велосипедистка, но единствената причина зошто сè уште сум жива и здрава е фактот што апсолутно никогаш во животот не сум се качила на велосипед“, вели Јованка Петровска, главен научник на истражувањето.

Возачите на моторни возила сметаат дека малиот број на велосипедисти на улиците е добра работа, затоа што и вака заземаат доста место на улицата и им одземаат на возачите на автомобили драгоцени секунди од животот.

„Кога одам дома од работа, сакам да стигнам што побрзо, затоа што секоја секунда повеќе во автомобил е секунда помалку на кауч пред телевизор. Би сакал велосипедистите да возеа малку побрзо, или барем велосипедските патеки да беа малку потесни“, е честа изјава на македонските возачи во оваа обемна анкета.

Од Институтот додаваат дека велосипедистите немале никакви поплаки на сообраќајот, освен кога учествуваат во него возејќи велосипед.

Извор: www.njuz.net