Ѕвездата на Грујо и Мијалков светна пред цел свет

19.06.2013 09:11
Ѕвездата на Грујо и Мијалков светна пред цел свет

Извештаите за состојбите на македонската демократија од релевантни светски организации се веќе здодевни.

Сето тоа ни е толку познато – одново читаме за лоши оцени, но во домашната јавност ниту некој се загрижува, а ниту им се дава некое особено значење.

Но, во последниот извештај на Фридом хаус, кој, повторно, седма година по ред го бележи нашиот демократски пад и нè става и на границата на хибридни држави, има и нешто ново и интересно.

Тоа ново е нашиот министер за здравство Никола Тодоров. Постапките и недемократското однесување на нашата власт, особено преку нивната главна ѕвезда - одекна во светот.

Не знам колку е пракса во еден извештај акцентот да падне на еден претставник од режимот, но сигурно е голема срамота за државата, па и самата фамилија.

Нивниот пулен, симболот на новиот вмровски Македонец, е посочен како еден главните уназадувачи на демократијата, слободата и на правата.

Нино, кој претходно се истакна преку притисоци врз професорите и со рушење на независносноста на државниот универзитет, сега, се издигна до нови висини, пардон, до ново дно.

Стана забележан од светот како можеби единствен министер во Европа кој отворено се судира со цела една професија каква што се лекарите и познат по тоа што го забрани и го опструираше правото на штрајк.

На веќе нашата руинирана демократија, уништена правна држава, од денес, покрај ѕвездата на Груевски, свети и онаа на Тодоров.

Целта е постигната, детето на Мијалков и неофицијалниот наследник на Груевски од денес го достигна својот ментор.

Сега, навистина, се исти.

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото