Словенија воведува данок за верските заедници

19.06.2013 11:53
Словенија воведува данок за верските заедници

Верските заедници во Словенија ќе мораат да плаќаат данок за своите цркви, џамии, капели, синагоги, молитвени простори, верски објекти, училници за пасторални активности и домови за духовни вежби.

Најавениот данок за прв пат ќе биде исплатен во 2014 година, по даночна стапка од 0,5 проценти, врз основа на пресметките на Геодетската управа на Словенија.

Од верските заедници во Словенија најмногу верски објекти има Католичката црква. За дел од недвижностите кои ги поседува Католичката црква и досега плаќаше данок, односно верските објекти за богослужба беа исклучени од плаќањето данок, а Католичката црква не плаќаше данок за продажбата и за подароците кои ги добива.

Словенечката премиерка Аленка Братушек за најавата за воведување даноци за верските заедници изјави дека таа смета дека воведувањето на овие даночни обврски е праведно.

Извор: protest.ba

 

ОкоБоли главаВицФото