Показна вежба на МВР за спас на Македонија со божја помош

22.06.2013 13:23
Показна вежба на МВР за спас на Македонија со божја помош

Скопје, 22 јуни 2013

За време на прославата на Задушница, граѓаните ќе можат да погледнат симулација на спасување на Македонија со помош на Господ, најави министерката Гоца Жандармерска. Таа додаде дека вежбата ќе претставува демонстрација на исклучително добрата соработка на Господ и полицијата.

„Ние веќе покренавме кампања, го облепивме цело Скопје со плакати кои ги кои ги повикуваат граѓаните да дојдат пред црквата во изградба Св. Константин и Елена и да се уверат дека Господ и полицијата се единствен спас за Македонија. Им ветуваме на сите дека ќе присуствуваат на досега невиден спектакл и убедени сме дека потоа луѓето уште повеќе ќе веруваат во Господ, затоа што ќе видат дека и полицијата е на негова страна“, објаснува Жандармерска.

Во вежбата „Божји лисици“ ќе учествуваат и владиците на МПЦ, кои со хеликоптер ќе полетаат од покривот на хотелот Изгрев, а ќе се приземјат во близина на црквата Св. Константин и Елена.

Показната вежба ќе заврши со спонтан собир на граѓани пред Општина Центар, каде полицијата ќе демонстрира решителност во набљудувањето на толпата која дивее во името на Господ.

Адаптирано од: www.njuz.net