НАСА со еднаков број мажи и жени астронаути

25.06.2013 12:01
НАСА со еднаков број мажи и жени астронаути

НАСА објави дека осум нови астронаути ќе ѝ се придружат на американската вселенска програма. Од осумтте нови регрути, четири се жени, при што НАСА за прв пат избра подеднаков број мажи и жени кои ќе бидат дел од идната астронаутска програма.

Речиси сите позначајни медиуми ја пренесоа веста, нагласувајќи дека се работи за „мал чекор за овие четири жени, но огромен за женскиот род“. Според достапните информации, една од овие жени е пилот, а втората е мајор. Засега, не постојат инфорамции за другите две жени кои ќе бидат дел од американската вселенска програма.

Во истиот период беше обележана и 50-годишнината од враќањето на првата жена Валентина Терешкова од вселената. Но по нејзиното враќање на земјата, голем дел од медиумите најмногу пишувале за нејзината руса коса и фризурата, занемарувајќи го самиот потфат.

Но од она што сега е достапно за овие жени кои ќе бидат дел од идната астрономска програма, сигурно е дека во ниедна од нивните биографии не се наведуваат нивните физички карактеристики, а најмалку боите на нивните коси.

Сепак, жените не биле дел од мисиите Аполо, а дури 20 години подоцна, Сали Рајд стана првата Американка во вселената, како пилот на леталото Challenger во 1983 година.

„Од околу 4.000 технички соработници во Центарот за вселенски истражувања само четири се жени. Тоа доволно ви кажува за начинот на кој функционираше машката култура“, изјавила еднаш Рајд.

Но, историското патување во веселената на Рајд, кое се случи пред триесеттина години, означи еден вид пресврт во НАСА. По нејзината мисија, 45 Американки беа дел од американската вселенска програма и патуваа во вселената. Денес сè поголем број жени имаат шанси за истражување на астероидите и за патувања во вселената.

Извор: National Geographic

 

ОкоБоли главаВицФото