Реалистични фотографии од мајки

26.06.2013 09:51
Реалистични фотографии од мајки

Кога Џејд Беал ја објави серијата фотографии од нејзиното полуголо тело, доби илјадници пофалби, а денес многу други мајки ѝ се јавуваат да ги фотографира и нив.

Сега фотографиите на овие жени (Бел фотографирала повеќе од 50) и пишаните белешки за нивниот пат од сомнежот до сигурноста во себе ќе се појават во книгата A beautiful body. Овие слики ги покажуваат мајките онакви какви што треба да бидат - несовршени, но не и помалку убави поради нешто што општеството го смета за физички недостаток.

Фотографката, чие дете сега има 16 месеци, вели дека концептот има корен во сомнежите кои ја мачеле цел живот и стигнале откако се породила.

„Добив 22 килограми по бременоста и тоа го додадов на личната историја на опресивно гадење од себеси, во културата која во медиумите сака само слики од фотошопирани жени“, вели Џејд Беал.

Извор: Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото