Погреб без тело

26.06.2013 14:08
Погреб без тело

Едно тело, три ковчега, два континента, три града. Ми се допадна концептот на погребот на Марина Абрамовиќ. Сеедно што се разликува од идејата за моето утонуќе у земљу со два ковчега и три крематориума. Без мене!

Сакав и по смртта да знам што се случува во бившата држава на Македонците и со нивната чиенчица метропола скопјанска!

Затоа предложив да го поканиме Кристота да го покрие Скопје 2014 со своите бели чаршави! Или да го огради и да го претвори во Забранет град - Резиденција на Надвојводата Шарло и на целокупното Началство Горско. Во карантенска зона на македонската лудост!

Не очајувајте, реков тогаш јас, не е сè загубено! Со малку уметничка вообразба, од секое гомно може да се направи скулптура!

Предлагав човекот да биде заштитен сведок во процесот против самиот себе. Кооперативноста на премиерот, за која пишуваше мојата маленкост, денеска можеме да ја купиме со дваесет години затвор, но ако манијакот од министерството за финансии почне да јаде гомна, ќе мораме цената за чипираниот идиот број еден да ја спуштиме на десет години.

Предлагав, исто така, да побараме меѓународна врвномедицинска експертиза за здравствената состојба на обожаваниот прајминистер! Јас не велам дека човекот е луд, само сакам да кажам дека индикациите дека е луд се неспоредливо побројни од оние кои велат дека не му е ништо. Јас го плаќам тоа чудовиште и имам право да знам дали е нормален!

Арно ама, ништо!

Можеби се во право, почнав да мислам, оние кои тврдат дека со геномот на македонската нација сардините би биле сланина во слабините на китовите орка. Генијалци кои мислат дека ние сме мала селска слава што некоја космичка сила ја крева и ја распаметува сосе зелката, рибата, жените и децата. И виното.

Можеби треба да побараме, си реков едно време, да нè стават под заштита на Унеско, како објект, нацијата и државата, мислев, како светско културно наследство. Како чудо! Кое чека некој да го заштити, да може, бе, човек да се раскваси како Македонец, во некоја пристојно опремена просторија со клима, бања и мало бифе, да не го заебава кој како ќе стигне, да биде тоа што е!?

-Говно!?

-Човек!?

-Човек или говно?!

-Македонец?!

***
Предлагав, исто така, да се утврдат клучните точки на македонската историска рехабилитација.

-Дефиниција на власта како злосторничко здружување против народот и државата и на политиките на власта како злосторнички потфат насочен кон систематско и осмислено декапацитирање и десубјективизирање на Македонија.

-Второ, забрана на владејачката партија како антиуставна, антисистемска, антимакедонска, антинормална структура, злосторничка во својата изворна суштина! Политичка и историографска демистификација на терористичката структура што и пред сто години и денеска работи, се самоосмислува и се самореализира како проект против слободата.

-Трето, културнополитичка проекција на демистификацијата и демитологизацијата, на исфрлањето на организацијата од културната матрица, од саморазбирањето на Македонците, како ебола тело од организмот на Македонија. Интензивна, темелна и сеопфатна девмровизација!

-Утврдување на одговорноста на опозицијата олицетворена во сдсм за тешките одговорности за драматичната состојба во која транзитираше Македонија.

-Лустрација на транзициската политичка репрезентација.

-Кривично гонење на скотовите во економијата, во политиката и во културата.

-Уставотворно собрание што ќе ја утврди новата конституција на државата и на општеството.

-Нов договор со Албанците кој ќе ги отвори општите ресурси на апсолутно рамнопаравна основа!

-Името што ќе го дадеме за да го издишеме балонот на лажното достоинство.

Каква е смислата на овие барања кои во мисловниот формат на денешнината можат да се доживеат и се доживуваат како радикални или дури како неразумни?!

Смислата е ова:

-Излегување или макар обид да се излезе од агоничниот формат на саморазбирањето, обид да се форматира и формулира ново ниво на општествената конституција и саморазбирање.

-Обид да се растури убиствената баналност на денот. Да го смениме не само животот туку можеби уште повеќе неговата интерпретација од кретени во политиката и во медиумите, во културата и во спортот.

-Формулација на новиот дневен ред.

-Стимулација на падот на чипираните идиоти на патриотизмот и на национализмот како елементарни криминогени измами.

***
Сите информации се лажни, сите одговори се лажни, сите дилеми се лажни, сите херои се лажни, сите контексти се лажни, претседателот е лажна хиена, премиерот е говно, министрите се апаши, апашите се господа!? Што сте вие? Македонците се емитери на јаглен двооксид, коишто со протоколот од Кјото ќе мора да престанат да прдат! И да јадат гомна!?

Слики: Свирачиња
Извор: Глобус

ОкоБоли главаВицФото