Нов вид на отпор: читање на плоштадот Таксим

27.06.2013 09:05
Нов вид на отпор: читање на плоштадот Таксим

После повеќенеделните протести и судири со полицијата ширум Турција, демонстрантите незадоволни од состојбата во општеството пронајдоа нов облик на отпор: стојат мирно и читаат книги.

Стоењето во тишина како форма на протест го воведе турскиот уметник Ердем Гундуз, кој со рацете во џебови стоеше осум часа на плоштадот Таксим. Гундуз стана симбол на движењето на отпорот во Истанбул и во останатите делови на Турција, а во деновите кои уследија, илјадници луѓе го следеа неговиот пример, стоејќи мирно со часови.

Еден посебен аспект на протестите на плоштадот Таксим е тоа што демонстрантите покажуваат дека образованието и читањето не мора да престанат додека се пружа отпор на системот и режимот. Така, читањето се претвори во уште еден облик на бунт и отпор.

На фотографиите подолу може да го погледнете неформалниот клуб на читатели на Таксим. Изборот на литература се разликува од демонстрант до демонстрант: тука се Маркес, Ками, Мураками, Орвел...

Извор: www.aljazeera.com

Слични содржини

Активизам
Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото