Кратка историја на женскиот костим за капење

29.06.2013 11:20
Кратка историја на женскиот костим за капење

Женскиот костим за капење, кој за прв пат започнал да се носи дури во антиката, има долга и бурна историја.

Сè започнало со Римјанките

Римјанките биле првите жени кои ги покривале своите гради и колкови во јавните бањи. Иако нивната тогашна верзија на костимот за капење била составена од две споени марами од лен и памук, може да се каже дека токму тие го измислиле првиот костим за капење. Во подоцнежната историја, капењето се сметало за нездрава практика, па костимот за капење морал да го чека своето големо враќање сè до средината на XVII век. Тогаш се појавиле женските костими за капење со долги ракави кои биле направени од тешко пропустливи и тврди жолти ткаенини кои се полнеле со вода и го криеле обликот на женското тело.

 



Костими за капење со тегови

На почетоците на XVIII век, женските костими за капење се состоеле од еден вид кусо палто направено од лен, покрај кое задолжително се носел и шешир, направен од чипка, како моден додаток. Кон средината на векот, жените се капеле со долги фустани кои во своите шевови имале пришиени тегови, кои ја спречувале ткаенината да се крева во водата.

Во XIX век, започнал да се употребува и дводелниот костим за капење кој бил направен од фустан со должина до колената и од панталони кои ги прикривале зглобовите.

Малиот костим за капење

На самиот почеток на XX век се случило нешто прилично интересно. Австриската пливачка Анет Келерман при една посета на САД била уапсена бидејќи нејзиниот костим за пливање ги откривал нејзините нозе, рамења и врат. По оваа случка, таа го променила својот костим за капење. Па оттогаш, тој бил направен на тој начин што ги сокривал наведените делови од телото, но бил толку многу тесен што се наѕирал обликот на телото. Подоцна таа го лансирала овој костим за капење на пазарот и тој станал познат по нејзиното име.

 

Токму овој нејзин костим станал најпознатиот и најпопуларниот костим за капење во 1920-те. Со текот на времето костимите за капење сè повеќе се смалувале и стеснувале. По Втората светска војна, станале модерни дводелните костими, со кои делот помеѓу градите и колковите не е покриен. Овој костим за капење го добил името Бикини Атол, според локацијата на која биле тестирани неколку нуклеарни бомби. Костимот за капење кој го носи ова име наводно имал експлозивен ефект на сите.

Време е за танги

Во текот на 1950-те години се сметало за примерно долниот дел од бикините да го покрива папокот, а почнувајќи од 1960-те години, костимот за капење започнал да се смалува на секое ниво, па така понекогаш ги сокривал и само најинтимните делови.



Во 80-те години од Бразил доаѓа нов тренд во модата на костимите за капење – тангите, кои настанале по инспирацијата од традиционалната облека на амазонските племиња.

Денес, без разлика на целата историја и на промените на кроевите на костимите за капење, најпопуларен останува едноделниот костим за капење.

Извор: budi.in

 

ОкоБоли главаВицФото