Новиот закон за абортус на Република Македонија ги повредува меѓународните стандарди

29.06.2013 12:45
Новиот закон за абортус на Република Македонија ги повредува меѓународните стандарди

Пишана декларација бр. 547 / документ 13263/ 27 Јуни 2013

Оваа пишана декларација е заложба само на оние кои се потписници

На 10 Јуни 2013 година Собранието на Република Македонија го усвои Законот за прекин на бременоста. Иако целосно ја признаваме независноста на државата од аспект на јавното здравје, ние сме серизоно загрижени за формата на дебатата водена во Собранието на Република Македонија и на содржината на законот која претставува прва легислатива од нејзината независност која ги ограничува човековите и женските права.

Без некоја посебна ургентност законот беше донесен во брза постапка, за време од 2 недели, со што беше оневозможена каква било консултација и јавна дебата со главните чинители, како медицинските експерти, женските организации и граѓанското општество. Ова предизвика загриженост во однос на заложбите на Република Македонија за демократијата и владеењето на правото.

Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, репродуктивните права или основните слободи (Водичите на Светската Здравствена Организација, Резулициите на Собранието 1399 (2004), 1607 (2008). Задложителниот ултрасонограф, времето на чекање и пишаното барање се омаловажување и деградирање за жената, спротивни на човечкото достоинство и основните права на приватност и доверливост кои се потенцирани во Уставот на Република Македонија.

Ние ги повикуваме македонските власти да осигурат дека меѓународните стандарди базирани на вистинска наука, медицина и човекови права се примарна водилка во полето на оваа легислатива.

Потписници:

ACKETOFT Tina, Sweden, ALDE
ANDERSEN Karin, Norway, UEL
BİLGEHAN Gülsün, Turkey, SOC
BREMER Tor, Norway, SOC
CHRISTOFFERSEN Lise, Norway, SOC
GUNNARSSON Jonas, Sweden, SOC
GUZOWSKA Iwona, Poland, EPP/CD
HANCOCK Mike, United Kingdom, ALDE
HAUGLI Håkon, Norway, SOC
JONICA Snežana, Montenegro, SOC
KARLSSON Ulrika, Sweden, EPP/CD
KOLMAN Igor, Croatia, ALDE
MARJANOVIĆ Vesna, Serbia, SOC
OSBORNE Sandra, United Kingdom, SOC
PALIHOVICI Liliana, Republic of Moldova, EPP/CD
PETRENCO Grigore, Republic of Moldova, UEL
RIORDAN Linda, United Kingdom, SOC
SAAR Indrek, Estonia, SOC
VUČKOVIĆ Nataša, Serbia, SOC
WURM Gisela, Austria, SOC

Вкупно 20

Фотографија: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото