Болен Пејо

02.07.2013 08:41
Болен Пејо

        Что хоштете ми дати
       и аз вам
       бил есам сам хулил
       и двракрат буду хулити сам

Жедни води ме испија
милолико хулејќи ’ржам
пресуви луњи ме измија
за опаш улера држам.

!О светци мои пребели
со полна уста ветришта
народецов се дебели!

Месечината со два клуна катаноќ ме клука
па не слушам
дали во срцево клукајдрвец чука.

И мртов сепак сум глад
Гризам ѓевреци.
Ми ги покрива очите варовник од црковни ореоли
над мене висат апостолски беневреци
и жолт дожд ми ги мие плеќите голи.

!О светци мои
со полни очи облаци
народецов се гои!

Мразулци-ками очи ми копаат
Дојчине болен Дојчине болен
копита црни на гроб ми тропаат.

Песната е преземена од книгата „Евангелие по Итар Пејо“, Македонска книга, Скопје, 1969

Слика: Стивен Расел Блек